На денешното рочиште сведочи бизнисменот Орце Камчев, кој истакна дека Јанева добила и 350.000 евра во кутија за чевли.

Објавил: Весна Петровска | 6 декември, 2019 11:43

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА РЕКЕТ: Катица Јанева добила и 350.000 евра во кутија за чевли

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Нови детали за случајот „Рекет“, Јанева добил и 350.000 евра во кутија за чевли. Во Кривичниот суд претпладнево продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски- Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

На денешното рочиште сведочи бизнисменот Орце Камчев, кој истакна дека Јанева добила и 350.000 евра во кутија за чевли.

-Сума од 350.000 евра, исплатени од Ана Камчева, Бојан Јовановски ги ставил во кутија за чевли и тој подарок ѝ го доставил на Катица Јанева. Другите 150.000 евра ги дал на Зоран Милески, рече Камчев.

Во судница од домашен притвор е донесена Јанева, а Боки 13 од КПУ Затвор – Скопје каде што издржува мерка притвор.

За потсетување, на првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина и предметот за него беше одвоен од оној против Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева.

Боки 13 и Катица Јанева ќе докажуваат дека не се виновни. Јавната обвинителка Вилма Рускоска во воведен говор на судското рочиште рече дека жртви во овој предмет не се тие на кои им се барале пари, туку жртви сме сите граѓани на оваа држава.

Обвинителството, рече Рускоска, ќе докаже дека Јанева го направила тоа од алчност и дека свесно ја злоупотребила службената положба, со што ја издала довербата на народот.

– Ќе изнесеме цврсти докази дека Јанева свесно и со умисла на Боки 13 му изнесувала материјали од предистражни постапки кои се службена тајна за да може Боки 13 од обвинетите во тие постапки да бара милионски пари за тие постапки да завршат со спогодба или во најдобар случај како сведоци, изјави Рускоска.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести