Необјавениот албум „Secret place“ од 13 октомври ќе имаат можност да го слушнат сите обожаватели на Тоше

Објавил: admin@magazin | 18 август, 2018 8:45

Нов постхумен албум на Тоше на 13 октомври

Фото/Текст извор: ©Архива гоогл / Магазин.мк

Од фондацијата „Тоше Проески“ го соопштија датумот на промоција на неговиот необјавен албум „Secret place“.

Албумот кој што е изработен во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт ќе биде промовиран на 13 – ти октомври, на денот на концертот посветен на Проески, а на него се наоѓаат седум нови песни и три обработки на познати хитови.

Големиот концерт во чест на Тоше, каде ќе бидат промовирани песните од новиот албум ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје и предвидено е балкански и македонски музички ѕвезди да ги пејат неговите хитови.

Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 – 16 октомври 2007) — најпознат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната на Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Имал блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори.

Тоше не беше само добар изведувач и пејач, тој беше појава , сексипилен маж кој со самото негово појавување ги излудуваше жените.

Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станал дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останал се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.
Тоше загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост многумина фанови жалеа и со години за Тоше.

Тоше со неговата изведба ја заштити и Зајди зајди јасно сонце и многу дури песни како Македонски Бренд. Тоше е и ќе остане единствениот КУЛТ НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИЧКА сцена што го обедини Балканот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Поп

Четири девојчиња од хорот  на „Златно славејче“ напишаа и снимија песна за Влатко Илиевски, Ќе се потрудиме да го зачуваме твоето дело и никогаш да не бидеш заборавен!"

Четири славејчиња со песна за Влатко Илиевски- Со тебе пораснавме, а сега те нема!

Четири девојчиња од хорот  на „Златно славејче“ напишаа и снимија песна за Влатко...