Како што рече, станува збор за руски државјанин кој се вратил од Велика Британија, пренесува РИА Новости.

Објавил: admin@magazin | 10 јануари, 2021 21:06

НОВ СОЈ НА ВИРУСОТ СТИГНА ВО РУСИЈА: Регистриран кај Русин кој се вратил од Велика Британија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првиот случај на новиот вид коронавирус кој првично беше откриен во Велика Британија е откриен во Русија, објави денеска Ана Попова, директор на руското тело за надзор на здравјето „Роспотребнадзор“.

Како што рече, станува збор за руски државјанин кој се вратил од Велика Британија, пренесува РИА Новости.

Агенцијата потсетува дека Русија минатиот месец ги прекина летовите кон Велика Британија, откако беше откриен нов вид на вирус во таа земја.

Бројот на потврдените случаи на зараза со новиот коронавирус во светот ја надмина бројката од 88,38 милиони, односно е зголемена за 790.000 нови случаи во последните 24 часа, според податоците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објавени во неделата, додека во истиот период бројот на смртните исходи поврзани со коронаинфекциите се зголемил за повеќе од 12.400, приближувајќи се до 1,92 милиони починати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.