„Нов вид корона се појави во Данска, Холандија и имаше еден случај во Австралија, но таму не се прошири понатаму“, рече Ван Керхове.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 декември, 2020 19:57

Нов сој на корона вирус пронајден уште во 3 земји: СЗО открива детали!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нов вид коронавирус, кој се појави на југоистокот на Англија, е пронајден во Данска, Холандија и Австралија, објави денеска техничкиот директор на Светската здравствена организација, Марија ван Керхове.

„Нов вид корона се појави во Данска, Холандија и имаше еден случај во Австралија, но таму не се прошири понатаму“, рече Ван Керхове.

На прашањето да одговори дали новиот вид доаѓа од југо-исток на Англија, таа одговори потврдно: “Да.

Според информациите што Англија ги споделува со нас, новиот вид доаѓа од југо-исток на Англија или од Лондон”. Таа додаде дека Велика Британија идентификуваше нов вид на вирус „уште во септември, кој сè уште циркулираше на југо-истокот на Англија“.

Сепак, студиите се во тек и ќе ги видиме резултатите “, рече таа.

Ван Керхове рече дека понатамошното секвенционирање ќе биде корисно за да откриеме дали овој вид циркулира на друго место во светот.

“Колку подолго се шири овој вид, толку е поголема можноста тој да се промени. Ние навистина мора да сториме се што можеме за да го запреме”, заклучи претставникот на СЗО.

Претходно, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека новиот вид на коронавирус е 70% позаразен од претходните соеви.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...