Пронајдена е формулата за сите вистински задоволства на човекот

Објавил: admin@magazin | 6 август, 2018 9:00

Ова е формулата за човековата среќа, а не се парите

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Секој човек ја сфаќа среќата на свој посебен начин, но научници од Универзитетот Харвард ја пронашле универзалната формула за сите вистински задоволства на човекот, а во неа не се вклучени материјалните нешта, парите и славата.

Истражувањето траело 80 години, поточно од 1938 година, при што првично е следена здравствената состојба на 268 студенти на Харвард, а подоцна тој број се искачил на 1.300, т.е. опфатени се и потомците на испитаниците.

Анализата на податоците покажува дека главен фактор за среќата имаат односите со другите луѓе, вели авторот на студијата, Роберт Влајдингер.

Односите со другите, и колку сме задоволни од нив, и тоа како влијае на нашето здравје. Да, важно е да се грижиме за физичкото здравје, но одржувањето здрави односи со луѓето околу нас е уште поважно, смета Влајдингер, додавајќи дека материјалните нешта, парите и славата не се рецепт за среќата.

Самотијата го убива човекот исто како алкохолот и наркотиците.

Самотијата убива и може да делува негативно врз човекот, како што тоа го чини алкохолот, никотинот и наркотиците, истакнува авторот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...