Ако постои поговорка која вели „во животот ништо не се мора“ сепак, во овој случај постои исклучок. Во фокусот на јавноста овие денови не е ниту договорот со Грција, комисиите за промена на учебниците со Бугарија

Објавил: admin@magazin | 17 ноември, 2018 12:45

Од Будимпешта Груевски „успеа“ да ги обедини шарените со Заедничка Македонија

Фото/Текст извор: ©макпресс.мк / магазин

Ако во минатото важеше за лидер кој го дели македонскиот народ, овој пат се покажа како „лидер“ кој знае да обединува. Од Будимпешта Груевски „успеа“ да ги обедини шарените со Заедничка Македонија, да ги обедини ставовите на Бранко Героски и Миленко Неделковски, да ги обедини фејсбукџиите и твитерџиите, вмровците и реформаторите… Во повиците и барањата за одговорност од Владата на Република Македонија.

Театралните проверки и потраги по Никола Груевски во понеделнкот попладнето во неговиот дом и во гаражите на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, каде што алфите ги проверуваа и гепеците на возилата кои влегуваат и излегуваат од опозициската партија, ги засени информацијата објавена од самиот Никола Груевски во вторникот околу 14:00 часот дека се наоѓа, односно дека избегал во Будимпешта и дека таму ќе бара политички азил.

МВР веднаш по добиената потврда од страна на Унгарските власти дека Груевски се наоѓа во нивниот главен град распиша и меѓународна потерница а го извести и министерството за правда веднаш да ја започне постапката за екстрадиција. Но тоа не ја смири јавноста која започна со бурни коментари во врска со бегството на Никола Груевски.

Павле Богоевски, таканаречениот шарен беше еден од оние кои за дневница палеа, пустошеа и фарбаа по Скопје. Како награда Павле постана пратеник, и како по обичај неговата револуционерна меморија се избриша во истиот момент кога влезе во Собранието на Република Македонија. На Павле сега не му смета, што Водно се ора, не му смета што во Скопје не се диши, не му смета што нема правда нема мир.

Речиси во јавноста, на медиумите и на социјалните мрежи единствен е заклучокот дека за бегство на поранешен премиер, кој има правосилна пресуда (за предмет за кој е јасно дека не прибавил спротивно на закон имотна и материјална корист за себе) и за човек за кој повеќе од четири години тогашната опозиција ги употреби сите замисливи и незамисливи алатки и механизми да го симне од власт, темелејќи ја својата кампања на шарената револуција и на паролите „Шутка не ти бега Никола“ и „Нема правда, нема мир“ како и употребувајќи телефонски разговори за да и докаже на јавноста дека е најголемиот криминалец кој Македонија го имала и дека единствено неговото место е во затвор, мора да има одговорност од луѓето кои во моментов ја практицираат власта.

Ако постои поговорка која вели „во животот ништо не се мора“ сепак, во овој случај постои исклучок.
Во фокусот на јавноста овие денови не е ниту договорот со Грција, комисиите за промена на учебниците со Бугарија, пописот во кој ќе нема графа за етничка и верска припадност, Уставните измени за промена на уставното име, задолжувањата, новиот буџет за 2019 година со кој се очекува јавниот долг да достигне околу 55%, катастрофалната реализација на капиталните инвестиции, зголемувањето на персоналниот данок односно воведувањето на прогресивен данок, зголемувањето на цената на водата, немањето на вакцини за тетанус во болниците, хаосот со ѓубрето и паркирањето во Клинички центар, енормно загадениот воздух и голем број на други „проекти“ кои беа „ветувани“ во предизборната програма на валадеачката партија, туку единствено Никола Груевски и неговото бегство од Република Македонија.

16 Февруари 2011 кога Хилари Клинтон сакаше да го принуди Никола Груевски да се согласи на промена на името, Груевски не прифати откога и всушност почна операцијата на Чадорот

Но, после долги години поделби на патриоти и предавници, на словени и антички македонци на вмровци и комуњари, само „еден статус“ на социјалната мрежа фејсбук успеа да ги „обедини“ македонските граѓани и да се согласат за две работи. Ако правниот систем со години беше уништуван, последниот случај со Груевски го избриша целосно поимот правен систем и правна држава и втората е дека мора некој да сноси одговорност за ваков случај кој ќе има долготрајни последици за Република Македонија на патот кон ЕУ и НАТО. Макар и морална.
Па така, најголемите поддржувачи на опозицијата, сега позиција, оркестрирано и во еден глас бараат одговорност а притоа прстот го вперуваат во Министерството за внатрешни работи.

Бранко Героски, Љубомир Фрчкоски, Сашо Орданоски, Тодор Пендаров, Александар Тортевски и голем број на други професори и експерти, јавно наклонети кон критика на „режимот“ и поддршка на опозицијата се најгласни во таквите барања. Секако на ова се додаваат и голем број на други професори, експерти и поддржувачи на сегашната опозиција, но за да не биде тенденциозно, во случајов нив ќе ги оставиме на страна.
Но власта е глува и некако не и слуша што тие сега говорат и бараат. Ако 11 години се бореа за слобода на говор, за јавно изнесување на критички ставови, за работење во интерес на граѓаните и слушање на нивниот глас, и кога конечно го добија тоа, чуму беше таа борба ако сега ниту еден глас не допира до нив?

Дали е на повидок освестување или сепак дел од сценариото кое по потреба се приклонува на една или друга страна секој случај новинарот кој е задолжен за плукање кон Македонскиот народ овој пат со конструктивен став дека некој треба да даде оставка

Ако не ги слушаат критичките пораки на „нивните“ тогаш доволно е да отворат фејсбук и твитер и да прочитаат што граѓаните мислат за бегството на Никола Груевски. Не мора да скролаат по профили, коментарите и барањата на јавноста веднаш ќе им излезат на почетна. Веќе трети ден по ред темата за Груевски и неговото бегство не стивнува на твитер а таму под хаштагот оставка може да се прочитаат голем број твитови. Ако во минатото под истиот хаштаг ќе ви излезеше името на Груевски или твитерски кажано за само три дена има дупло повеќе твитови со оставка за актуелната Влада на Република Македонија.

Но и виртуелниот глас тешко стигнува до шарениот тим во министерството без ресор задолжено за комуникации, отчетност и транспарентност.

И кога сме веќе кај шарените, да не ги заборавиме и нив. Вистинските револуционери се појавија на протест пред Владата, продолжувајќи да ја бараат правдата и мирот. Која дојде во Македонија и замина во Будимпешта. Секако, оние десетина кои не се вработени во државна институција. И како во старите, за нив, добри времиња излегуваа против Груевски, сега излегоа заради Груевски.
А во истиот контекст во текот на вчерашниот ден со свој став и изразување на незадоволство од работата на институциите излегоа и 14 невладини организации, граѓански сектор кој беше активен во борбата за политичко соборување на Владата на Никола Груевски. Но веројатно како и другите повици и нивната иницијатива за утврдување на одговорност ќе заврши само како текст на порталите и вест на телевизиите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Подвиг

Сашо Мијалков ќе ја промовира својата нова партија во која влегуваат Мите Лимунада Јанчев, Ивца Коневски, Нино Смрт Тодоров, Билјана Бришковска, Никола Поповски, Иво Котевски, 8-те мината предавници.

САШО МИЈАЛКОВ ЌЕ ПРОМОВИРА СВОЈА НОВА ПАРТИЈА: Влегуваат Јанчев, Иво Котевски, Поповски и многу други!

Како што пишува порталот дудинка.орг на Миленко Неделковски на повидок е нова партија...

Град Скопје и во претстојниот период ќе продолжи со зголемување на опремата и механизацијата за почист град. Сите носиме одговорност за чиста животна средина!

ШИЛЕГОВ: „Набавени 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри и 950 корпи за џебен отпад„

Нови контејнери добива и Карпош. Како локална самоуправа одвоивме 2 милиони денари,...

Во моментов е меѓу петте студенти од Македонија кои ја имаат привилегијата да студираат на еден од најдобрите светски универзитети, Оксфорд!

Македонецот Стефан Петревски, најдобар студент на Универзитетот во Оксфорд

Стефан Петревски е дваесетгодишно момче со позитивен дух и насмевка и соништа кои...