Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,5 денар за литар и од вчера на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денари ,а дизелот за 2,5 денари.
Новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 61,5 денари за литар, додека на еуросупер БС-98 изнесува 63,5 денари за литар.
Малопродажните цени на дизелот еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за
домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 2,5 денари.
Новата цена на дизелот е 58,5 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 1,789денари и новата цена изнесува 30,037 денари за килограм.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.