Најново метео

Објавил: Владо Марин | 6 јули, 2021 7:46

ОД ДЕНЕС МАКЕДОНИЈА ЈА ЗАФАЌА НОВ ТОПЛОТЕН БРАН – ПОНАТАМУ ТЕМПЕРАТУРИ И ДО ОКОЛУ 40 СТЕПЕНИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервалот од 28 до 37 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 33 степени.

Потоа утре и во четврток ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.

Од петок па за време на викендот во попладневните и во вечерните часови се очекува развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град, а температурите ќе се намалат за неколку степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...