Веќе во среда, особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Објавил: Владо Марин | 23 август, 2021 18:20

ОД СЕВЕРОЗАПАД НИ СЕ НАБЛИЖУВА НЕСТАБИЛНА ОБЛАЧНА МАСА – КАЈ НАС ЌЕ ПРИСТИГНЕ ВО СРЕДА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Уште утре ќе имаме стабилно, суво и сончево време, иако во попладневните часови во северните предели не се исклучува можноста за изолирана нестабилност. Температурите утре ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до околу 33 степени.

Веќе во среда, особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на краткотрајно НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и со појава на град, особено во источната половина од државава.

Услови за локална нестабилност ќе има и во четврток , додека одсега гледано од петок па за време на викенот ќе имаме претежно стабилно и суво време, иако е можна изолирана и ретка појава на нестабилност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. Нешто пониска температура ќе имаме во четврток кога максималната ќе се искачува во интервалот од 26 до 34 степени.

Во среда и во четврток ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од југозападен и од западен правец.

Во Скопскиот регион услови за нестабилност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има во среда, додека во четврток условите за нестабилност ќе бидат помали, иако е можна појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Од петоки во Скопје очекуваме претежно стабилно и суво време, а температурата ќе се искачува во интервалот од 28 до 33 степени.

УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...