Oвој производ го нуди јапонската фирма „Дентсу“ а го носи името – „Дојка, помошник за татковци“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 март, 2019 20:28

Од сега и татковците ќе може да ги дојат своите бебиња благодарение на овој уред

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Јапонските татковци ќе имаат привилегија да ги дојат своите бебиња, благодарение на иновативен пластичен уред кој што личи на женски гради, објави Дејли меил.

Инаку овој производ го нуди јапонската фирма „Дентсу“ а го носи името – „Дојка, помошник за татковци“.

Ова е идеалнен уред бидејќи со него таткото не само што ќе го нахрани бебето, туку благодарение на уредот кој регистрира часови на доење никогаш нема да заборави кога е време за јадење. Инаку оваа дојка испраќа и информации до смарфонот на таткото.

„Дојката, помошник за татковци“ воедно и им помага на доенчињата полесно да заспијат. Бебињата обично со рака ја допираат мајчината града и тоа ги заспива а на истиот принцип е и новиот уред за доење изработен од мека и пријатна на допир материја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.