Во текот на вчерашниот ден, согласно одлуката на Владата, од два патнички авиони на скопскиот аеродром пристигнати од ризични земји беа вратени вкупно 26 странски државјани, информира Министерството за здравство.

Објавил: Македонка Димкин | 14 март, 2020 10:24

Од скопскиот аеродром вратени 26 странски државјани кои пристигнале од ризични земји

Фото/Текст извор: ©бансколиев / влада на македонија

Во текот на вчерашниот ден, согласно одлуката на Владата, од два патнички авиони на скопскиот аеродром пристигнати од ризични земји беа вратени вкупно 26 странски државјани, информира Министерството за здравство.

Од таму, исто така, соопштија дека патникот кој вчера со авион пристигнал од Германија и бил тестиран е негативен на коронавирусот. Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои беа задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата.

Во меѓувреме вчера попладне, на коронавирус биле тестирани уште осум пациенти меѓу кои и една медицинска сестра со индикации на болест од Клиниката за инфективни болести и фебрилни сосојби. Сите тестови се негативни на вирусот.

Единиците на Армијата ќе ги координираат своите активности и ќе соработуваат со локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа, полицијата, Центарот за управување со кризи и останатите институции на државата вклучени во справувањето со кризната состојба.

Четворицата пациенти од Дебар позитивни на вирусот и кои се во стабилна состојба денеска ќе бидат донесени во Скопје и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Претседателот , Стево Пендаровски, доцна синоќа донесе одлука за ангажирање на Армијата за поддршка на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа и поддршка на полициските сили на МВР во обезбедување на дел од државната граница со Република Албанија на територијата на општина Дебар.

Бројот на заболени во Македонија е 13, а првозаразената пацинетка е излекувана и се очекува да биде пуштена на домашно лекување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...