Високата комесарка за човекови права на ОН, Мишел Бачелет, денеска изјави дека од почетокот на руската инвазија врз Украина се потврдени 1.189 цивилни жртви, меѓу кои 98 деца.
Според неа, реалниот број на цивилни жртви веројатно ќе биде далеку поголем, затоа што е тешко да се одреди бројката во областите кои се најмногу погодени од борбите, како што е случајот со Мариупол, пренесува Би-Би-Си.
Цивилите трпат немерливи страдања, а хуманитарната криза е загрижувачка, предупреди таа и додаде дека има значително зголемување на стапката на смртност меѓу цивилите во опколените градови.
Нападите на Русија во населените области на Украина предизвикуваат „огромна загриженост“ и може да претставуваат воени злосторства, изјави шефицата на ОН за човекови права.
Презентирајќи го својот последен извештај за ситуацијата во Украина, Мишел Башелет изрази загриженост поради „упорната употреба на експлозивно оружје со ефекти на широк простор во населените места“.
Таа рече дека проектилите, тешките артилериски гранати и ракетите и воздушните напади предизвикуваат „масовно уништување и оштетување на цивилни објекти“!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.