Вкусна салата со моцарела!

Објавил: admin@magazin | 10 ноември, 2019 22:51

Освежителна вкусна салата со МОЦАРЕЛА И ШЕРИ ДОМАТИ!

Фото/Текст извор: ©готви.мк

Направете вкусна салата со моцарела и шери домати, совршен вкус и спој.

Пробајте ја оваа вкусна салата која веднаш ќе постане дел од вашето секојдневие.

Моцарелата е заштитен италијански прозивод кој наоѓа широка употреба во гастрономијата. Најчесто се јаде природна, заедно со шунка и масло или како прилог во салати: типична е салатата капрезе со домати, оригано, босилек и маслиново масло. Моцарелата многу се употребува и во подготвување на пица, калцоне и панцерота. 

Моцарела е вид млечен производ кој има потекло од италијанските региони Кампанија, Апулија, Базиликата и дел од Лацио. Се добива од млеко од биволица или од крава.

Состојки:

250 гр. шери домати
125 гр. моцарела
1 помала краставица
2 лажици маслиново масло
1 парче лимон (сок)

Подготовка:

Се меша измиениот и сечен на половинки шери домат во сад со сечена моцарела.
Се лупи и сече на кругови и краставицата и се додава заедно со маслиново масло и со сок од лимон.
Се меша и јаде.

Добар апетит!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.