Гостите кои до вчера плаќале една цена, денеска се видно изненадени што на Градиште мораа да платат поскап паркинг. Ако до вчера плаќале по 100 денари, денеска за истиот паркинг треба да платат 150 денари, пишува порталот „Скопје 1“, додавајќи дека потоа гостите мора сами да се снаоѓаат и да си најдат место, затоа што нема слободни паркинг места.

Објавил: Весна Петровска | 3 август, 2019 19:03

ОХРИЃАНИ ГИ ДЕРАТ ТУРИСТИТЕ СО ПРЕВИСОКИТЕ ЦЕНИ, А НЕ ИМ ТЕКНУВА ДА ПЛАТАТ СПАСУВАЧИ ЗА ДА НЕМА ТРАГЕДИИ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

За празникот Илинден Охрид беше препол со туристи, а тоа дополнително и ги зголеми цените во туристичкиот град.

Гостите кои до вчера плаќале една цена, денеска се видно изненадени што на Градиште мораа да платат поскап паркинг. Ако до вчера плаќале по 100 денари, денеска за истиот паркинг треба да платат 150 денари, пишува порталот „Скопје 1“, додавајќи дека потоа гостите мора сами да се снаоѓаат и да си најдат место, затоа што нема слободни паркинг места.

Дополнително, на некои охридски плажи за Илинден и продолжениот викенд кога има најголем број посетители се наплаќа влез, иако до пред само неколку дена се влегувало слободно, што е спротивно на законот.

Растат цените во Охрид

Инаку плажите во Охрид беа замислени како зони за рекреација со безбедни капалишта, уредена површина и објекти од времен карактер за угостителски услуги кои ќе придонесат за развој на туризмот. Плажите треба да имаат 60 % од површината лежалки, а 40% слободен простор за тие што сакаат на уживаат на песок.

Но, веќе одамна ни ова правило не се почитува. Лежалка не само што има поставени на целата површина, туку се толку блиску една до друга што буквално некој ти дише во врат.

Ваквиот третман во Охрид наиде на негативни коментари од посетителите, но најмногу од домашните туристи, бидејќи цените енормно растат од година во година, како што велат некои туристи за тие пари пдообро е да се оди на море.

И покрај толкавите цени Охрид има големи пропусти како туристичко место за тоа сведочи и вчерашната трагедија на Љубаниште, што спорд закон во летната сезона на секоја плажа треба да има спасувачи кои ќе се грижат за бебзедноста на плажите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести