Бидејќи улиците се празни заради ограничените сообраќајни правила, патролите започнаа со проверка дали граѓаните ја почитуваат оваа норма.

Објавил: admin@magazin | 14 март, 2020 13:25

ПАДНА МАФИЈАТА: КОРОНА и помогна на полицијата да го уапси шефот на големата мафија во Италија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вирусот на корона можеби шири страв и трепет низ целиот свет, но и помогна на полицијата во Италија да се справи со најлошите криминалци.

Имено, заради епидемијата на вирусот во таа земја, премиерот на Италија, Џузепе Конте, донесе декрет со кој се блокира целата земја.

Драстичните мерки, покрај тоа што покрај обидот да се спречи ширењето на вирусот, придонесоа и за апсењето на лидерот на криминалната група „Ндрангета“, кој беше во бегство од август минатата година, јавуваат италијанските медиуми.

Водачот на кланот Локри, се криел во вила во италијанската област Бружано Зефирио.

Бидејќи улиците се празни заради ограничените сообраќајни правила, патролите започнаа со проверка дали граѓаните ја почитуваат оваа норма. За време на патролата, Карабинерите виделе „сомнително движење“ и веднаш помислиле на Корди.

Имено, како што пишува La Repubblica, запалена цигара во близина на прозорецот открила дека палатата не била напуштена на крајот на краиштата, како што изгледала на прв поглед.

Полицијата наскоро организираше операција за апсење – областа беше блокирана, а потоа првиот тим упадна во вилата. Корди се обиде да избега на друг излез, но полицијата го уапси, пренесува Телеграф.рс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...