Тој додаде дека никогаш не помислил дека Македонија ќе дојде до овој степен, да се бара да се избрише македонскиот народ. Тој потсети дека три главни идентитетски столба на една држава се име, јазик и историја, и посочи дека само македонскиот народ може да ја спаси Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 септември, 2020 19:34

Пандов: Македонија во корен е згрозена, само македонскиот народ може да ја спаси!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија, во емисијата Само Вистина, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов рече дека и пред потпишувањето на договорот со Бугарија како и сега имал голем број на забелешки.

Пред потпишувањето на Договорот со Бугарија јас имав огромен број на забелешки, исто така имам и сега. Македонија имаше еден таков договор со Бугарија и ни забележуваа како тоа ВМРО-ДПМНЕ потпишал таков договор. И тоа е договор скоро ист, само сега има една огромна забелешка или прифатено е да се ревидира историјата и тоа не е ништо ново, тоа не е ново барање од страна на официјална Софија, посочи Пандов.

Тој додаде дека никогаш не помислил дека Македонија ќе дојде до овој степен, да се бара да се избрише македонскиот народ. Тој потсети дека три главни идентитетски столба на една држава се име, јазик и историја, и посочи дека само македонскиот народ може да ја спаси Македонија.

„Во 21 век, ни на сон не ми доаѓало дека некој може да бара од мене за било каков политички интерес да се избришам како народ, ако некој тргнал кон тоа да ве брише, да останете безимени, ако не постои конститутивен народ, ако се избришеме поради било кој интерес, па и заради ЕУ ние во таква ситуација ја бришеме државата. Искрено, како никогаш до сега сум уплашен од ова што се случува, Македонија во корен е загрозена, или тие луѓе до толку се слепи и не гледаат или се заслепени од некои материјални добри. Ова е битка која само македонскиот народ и сите граѓани кои ја сакаат Македонија можат да ја спасат, Македонија само така може да се спаси, кажа Пандов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести