Според информациите од Собранието, таму уште не е стигнат предлогот од Владата.

Објавил: Едмонд Бекири | 18 март, 2020 15:11

Пендаровски го откажа пресот за вонредна состојба за да може Заев пак да биде премиер?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на државата Стево Пендаровски на социјалните мрежи објави дека имал информација оти предлогот на Владата за прогласување вонредна состојба се подготвува и треба да биде доставен до Собранието.

Секој граѓанин кој ќе реши да излезе од државата ќе мора да потпише изјава дека три месеци нема да може да се врати назад. Ова е заклучок донесен на денешната владина седница што го соопшти премиерот Оливер Спасовски.

Тој апелираше до граѓаните во овој момент да ги одложат патувањата и да не му пркосат на вирусот.

– Државата има капацитети, имаме планови за оваа ситуација. Мора да има разбирање од сите граѓани и мора да се знае дека тоа што се дава како мерка, мора да се почитува. Ова не е состојба во која некој ќе може да избира, истакна Спасовски.

– Државата има капацитети, имаме планови за оваа ситуација. Мора да има разбирање од сите граѓани и мора да се знае дека тоа што се дава како мерка, мора да се почитува. Ова не е состојба во која некој ќе може да избира, истакна Спасовски.

Спасовски, на прес-конференцијата беше придружуван од вицепремиерите Мила Царовска, Радмила Шекеринска и Бујар Османи и министерот за здравство, побара од претседателот Стево Пендаровски да воведе вонредна состојба во траење од 30 дена, за да може да се преземат поефективни мерки за спас на економијата и борба против епидемијата на КОВИД-19.

„Борбата за спас на граѓаните и на нацијата не е обврска само на овие луѓе во владата, туку на сите поединци во оваа држава. Јас знам дека се изнајмуваат вили и куќи во Соње и во Сопиште и дека се прават журки.

При вонредни мерки, нема да може да се прават повеќе такви собирања. Мерките што ќе ги носи Владата при вонредна состојба во однос на слободното движење на граѓаните, ќе зависи од тоа како ќе се почитуваат стандардните мерки на кои секојдневно потсетува министерот за здравство, Владата, лекарите… Ние велиме не патувајте, граѓани не ги почитуваат апелите, 1.331 лице вчера ја напуштиле државата, дел од нив зашто претходно имале купено туристички карти“, додаде Спасовски.

Предлогот на Владата за прогласување вонредна состојба не е пристигнат сè уште во Собранието, но се чека тоа да се случи во секој момент.

„Доколку Собранието не се состане, претседателот на Собрание ќе го проследи предлогот до мене по што ќе се обратам до јавноста“, најави Пендаровски.

Според информациите од Собранието, таму уште не е стигнат предлогот од Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести