Пендаровски ги пренесува пораките на официјална Франција дека сака да ја види Северна Македонија како дел од европското семејство.

Објавил: admin@magazin | 23 ноември, 2019 9:23

Пендаровски за српска “ПОЛИТИКА”: Франција сака да ја види Македонија како дел од европското семејство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Република Македонија и Србија како две соседни и пријателски земји кои немаат отворени прашања и делат заедничка цел – членство во ЕУ, имаат иста цел да ги задржат младите во своите земји, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за српскиот весник „Политика“.

Новата методологија на францускиот претседател Емануел Макрон со која треба да се реформира ЕУ и да се утврди новиот пристап за членство во унијата, ги успорува пристапните преговори на Балканските земји, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за српскиот весник „Политика“.

Осврнувајќи се средбата со Макрон за време на Парискиот мировен форум, Пендаровски ги пренесува пораките на официјална Франција дека сака да ја види Македонија како дел од европското семејство.

– Но, воедно, претседателот Макрон ми го образложи нивниот став за реформите и методологијата на преговорите, дека нема намери да понуди алтернатива на нашето членство во ЕУ, туку да го подобри процесот. Изрази подготвеност да ја посети Северна Македонија во првата половина на 2020-та година. На нас ни останува да работиме на реформите, да ја дочекаме новата методологија за водење на пристапните преговори и се надевам дека наскоро ќе добиеме позитивни вести за нашите европски интеграции – вели Пендаровски.

Претседателот Пендаровски говори и за регионалната иницијатива за „Мал Шенген“, за која вели дека не треба да се гледа како замена за членство во европските институции, објави civil media.mk.

Тој смета дека треба да се размисли за форматот на иницијатива, бидејќи сегашната структура не ги опфаќа сите земји кои се дел од западниот Балкан. Тој момент, според него, може да го отвори прашањето колку оваа иницијатива може да биде функционална во пракса, ако во нејзе членуваат само 3 земји.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести