Сите патници се повредени и се надвор од животна опасност, јавија грчките медиуми.

Објавил: Мате Парлоф | 24 октомври, 2022 12:53

Петмина Maкедонци повредени во сообраќајка во Грција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рано утрово возило во кое се превезувале петмина македонски граѓани излетало од патот на патниот правец Игнација одос, кај клучката Амфиполи – Сер.

Сите патници се повредени и се надвор од животна опасност, јавија грчките медиуми.

Сообраќајната несреќа се случила на клучката Амфиполи, кај Аспровалта под се уште неразјаснети околности околу 1 часот.

Возилото, според написите излетало од патот при што петмината патници се здобиле со повреди, сите од Македонија, додека возачот останал заробен.

За негово извлекување била повикана Противпожарната единица додека акцијата се вршела со помош на линија за спасување, а учествувале тројца пожарникари со едно возило.

Повредените потоа со возило на Брза помош биле пренесени во болница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести