Грчкиот премиер Алексис Ципрас, пак, за време на расправата во грчкиот парламент за доверба на неговата влада пред пратениците ја прочита нотата со дообјаснувањето од Никола Димитров.

Објавил: Перо Милчин | 10 декември, 2020 5:37

ПЕТРОВ: Ципрас заедно со Зоран Заев ја дозакопа Македонија и македонскиот идентитет

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СПОГОДБАТА ДИМИТРОВ-КОЅИАС НЕ ГО РЕШАВА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ, ТУКУ ГО САНКЦИОНИРА БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР ОД 1913 – ЈА ЛЕГАЛИЗИРА ОКУПАЦИЈАТА ВРЗ МАКЕДОНИЈА И ГЕНОЦИДОТ ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ОДНОСНО НЕГОВОТО ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ!

Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година не го решаваат македонското прашање, туку го санкционираат Букурешкиот договор од 10 август 1913 година – ја легализираат окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ, го легализира неговото етничко чистење од Балканските војни 1912-1913 година до денес.

Честопати ќе чуете коментари од марионетската влада на Зоран Заев, дека со Спогодбата Димитров-Коѕиас, Атина го признала правото на самоопределување на Македонскиот народ… Но, тоа е лага, во која веруваат нејзините протагонисти, владините полтрони, убедени дека и народот верува во неа!

Вистината е дека и досега, и во политиката и во науката, па и отсега, со Спогодбата Димитров-Коѕиас, Атина НЕ признава Македонски народ! Тоа, на дело, сега најагресивно го демонстрира Софија. Софија се повикува на обврските на Заев превземени од Спогодбата Димитров-Коѕиас и тоа Софија бара да биде имплементирано и во односите со Бугарија: Нема Македонски народ, нема ништо македонско!

Патем, прифаќањето на Македонскиот јазик на Третата конференција на Обединетите Нации за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 година не е заслуга на марионетската влада на Заев, на Алексис Ципрас или нивниот договор од 17 јуни 2018 година.

Тоа било решено 41 година пред 2018-та и поминало. Реалноста е дека и покрај меѓународната конференција на Обединетите Нации во Атина од 1977 година, за Грците отсекогаш и засекогаш не постои Македонски јазик на “етнички Македонци“ воопшто, па ниту на оние етнички Македонци во окупираниот Егејски дел од Македонија. Атина отсекогаш и засекогаш смета дека Грците се Македонци, односно Македонците се Грци. За Атина, Македонски јазик е “старогрчкит јазик“, а не јазикот кој “етничките Македонци“ го зборуваат.

Со Спогодбата Димитров-Коѕиас, марионетската влада на Зоран Заев сета историја на Македонија од антиката до денес и’ ја подари како ексклузивно право на Атина, иако Атина за првпат во нејзината историја ја окупира Македонија во Балканските војни 1912-1913 година со декрет на грчкиот крал Јоргос од 31 декември 1912 година до премиерот Венизелос: Да воспостави времена управа врз окупираните територии на Македонија! Марионетската влада на Заев со Спогодбата Димитров-Коѕиас се откажа од Македонците во Егејскиот дел од Македонија и во цела Грција!

Тогаш, кое право на самоопределување Атина им’ го признала и признава на Македонците со Спогодбата Димитров-Коѕиас?

Во светот постои едно многу едноставно право: Името на државата е идентитетот на нацијата! Тоа е основно правило во меѓународното право! Поради името на државата по автоматизам произлегува името на националноста! Од Македонија, ние сме Македонци како што Македонија Е, затоа што ние сме Македонци пред Македонија. Но, од композицијата на две именки “North“ и “Macedonia“ – “Север“ и “Македонија“, ние не може да бидеме ништо друго освен “northmaceconians“ – “северномакедонци“. Апсурдот е уште поголем, бидејќи марионетската влада на Зоран Заев “мисли“, дека со наш билатерален договор ќе го промениме правописот на другите јазици во светот, па секогаш ќе им сугерираме дека ние не сме “northamcedonians“ – “северномакедонци“, туку “citizens of the Republic of North Macedonia“ – “граѓани на Република Северна Македонија“. Зошто? Затоа што цел свет разбира Англиски, а не Македонски јазик. А, именката “North“ – “Север“ не е исто што и придавката “Northern“ – “Северен“! Односно “North“ е именка и значи “Север“, а “Northern“ е придавка и значи “Северен“. Од композитно име составено, во случајов од два збора, од две именки “North“ и “Macedonia“ – “Север“ и “Македонија“, придавката не е “Macedonian“ – “Македонец“ ниту “Northern Macaedonian“ – “Северен Македонец“ ниту “Macedonian from North Macedonia“ – “Македонец од Северна Македонија“, туку “Nothmacedonian“ – “Северномакедонец“. И затоа, од композитното име на државата “North Macedonia“ – “Северна Македонија“, за цел свет придавката е “северномакедонски“ – “northmacedonian“, за цел свет ќе сме “северномакедонци“ – “northmacedonians“.

Во Македонскиот јазик јасна е разликата меѓу придавка и именка, секоја именка има своја придавка. Ама, во Англискиот јазик ист збор може да биде и придавка и именка во зависност од контекстот на реченицата каде што се употребува. Зборот “Macedonian“ – “Македонско“ во членот 1 став 3 потточка б) од Спогодбата Димитров-Коѕиас каде што се зборува за државјанството, не значи Македонец, туку “Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“ – “Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia“. Траги-комедијата да биде поголема, зборот “Macedonian“ никогаш и никаде не смее да се употребува без композицијата утврдена во Спогодбата Димитров-Коѕиас “Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia“!

Со воведувањето на биометриските лични исправи, во графата државјанство – nationality стоеше Македонско/Macedonian. Ова беше прифатливо за сите државјани во државата Македонија, бидејќи тоа е меѓународен стандард! Ама, бидејќи за цел свет Macedonian не значи само придавка “Македонско“, туку и именка “Македонец“, Атина стори вешт маневар.

Поради неспособноста на нашите, поточно поради нивната корупција, Macedonian задолжително да биде во композицијата “Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia“, светот да не не’ препознава како Македонци – Macedonians, туку само и никако поинаку, зборот Macedonian да знае дека не се однесува за Македонци, туку за македонско државјанство на граѓаните од Република Северна Македонија!

А, како дополнителна потврда на ова, на 16 јануари 2019 година министерот за надворешни работи Никола Димитров испрати писмена нота број 02-1407/1 до грчкото Министерство за надворешни работи, со која ги информира, дека се исполнети сите законски услови пропишани со Преспанскиот договор за ставање крај на деценискиот спор за името. Во нотата, Никола Димитров дава објаснување што значи “Macedonian“ во Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година. Во нотата се потврдува дека македонско, македонски, macedonian не значат етничка или национална припадност туку само државјанство!

Никола Димитров со писмото до грчката страна се согласил, означувањето за nationality во кое ќе стои “Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia“ во согласност со Преспанскиот договор да се однесува исклучиво на државјанство, а не на етничка припадност! Во нотата Никола Димитров на своите партнери во Атина им пишува дека и формално прифаќа дека зборот “Македонско“ односно “Macedonian“ нема да означува етничка припадност, туку државјанство!

“Во духот на договорот терминот националност на Втората страна дефинирана во член 1 (3) (б) од Договорот како “Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia“, односно “Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“ се однесува само на државјанството, а не го дефинира или однапред ja определува етничка припадност, етносот, како што e тоа пропишано во членот 2 став (2) од Уставниот закон за спроведување на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија“, – напиша Никола Димитров во нотата до грчкото министерство за надворешни работи.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, пак, за време на расправата во грчкиот парламент за доверба на неговата влада пред пратениците ја прочита нотата со дообјаснувањето од Никола Димитров.

“Соседите освен што известуваат, имаат и толкувачка изјава, односно ги појаснуваат деловите поврзани со јазикот и државјанството. Што појаснуваат нашите соседи во овој текст што е правно обврзувачки и ги повторува обврските што произлегуваат од договорот? Прво, дека терминот nationality се однесува исклучиво на државјанството и не го дефинира или сугерира прашањето на етничката припадност. И второ, дека јазикот на нашите соседи, како што е споменато во договорот и е признат на конференцијата на ОН во 1977 година, припаѓа на групата јужнословенски јазици,“ – рече Алексис Ципрас во Парламентот на Атина.

Рече Алексис Ципрас во Парламентот во Атина и ја дозакопа Македонија заедно со Зоран Заев. Марионеската влада на Заев само нас остана да не’ лаже, дека со Спогодбата Димитров-Коѕиас го бетонирала македонскиот идентитет! Ама, народот се’ повеќе не се лаже!

Никогаш северна, само Македонија!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...