Заев изненаден што се што избришал сега ке мора да враќа во нацрт амндманите, откривајќи дека е во постојани консултации со официјална Атина за измените во Македонскиот Устав

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 6:54

Пиши – бриши нацрт амандмани, Фрчкоски за Рамковниот, Поповски за народот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Професорот на Правниот факултет Љубомир Фрчкоски на јавната расправа за уставните амадмани изјави дека предлагачот на амандманите треба да нагласи дополнително три компоненти.

Според Фрчкоски треба да стои дека не се загрозува граѓанскиот карактер на Уставот, да се потенцираат идентитетските одредници и дека решенијата се во рамки на уставните стандарди и не се измислени само за нас.

Фрчкоски се осврна на предложените амандмани со забелешка дека во делот на преамбулата треба да се вметне Охридскиот договор, но не во истата реченица со историските документи и со Уставот од 1991 година.

Во однос на четвртиот амандман, тој смета дека треба да се додаде и дека Републиката го штити и гарантира идентитетот во првиот став. А во третиот, Републиката се грижи за дијаспората само кусо без да се наведуваат припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство или да се наведуваат други заедници.

Во однос, пак, на постојаното потенцирање дека Македонија нема територијални претензии Фрчкоски вели дека тоа звучи како да зборуваме за моќна држава како Русија па како другите држави на Балканот да се плашат.

Професорот Владо Поповски пак побара во преамбулата по “граѓани на Република Северна Македонија” да се набројат народите, почнувајќи од Македонскиот народ, Албанскиот народ, и сите кои се дел од актуелната Преамбула но како етнички заедници.

Тој бара во преамбулата да стојат и решенијата од АСНОМ кои имаат конститутивно значење, а не да се употребува прогласот бидејќи тој, според него, е само информација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести