Јас сум роден во градот Гоце Делчев, но сметам дека оваа историска личност нас ќе не спои, а нема да не раздвоии. Гоце е и на Бугарија и на Северна Македонија. – вели Плевнелиев, 

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 септември, 2020 9:56

Плевнелиев: Гоце Делчев е и на Бугарија и на Северна Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев во изјава за ТВ, 24 истакна дека Гоце Делчев, е и на Бугарија и на Северна Македонија. По низата расправиина оваа тема, откако минатата недела Каракачанов истакна дека Македонија и Бугарија мора да најдат решение за Гоце Делчев, и Заев истакна дека е подготвен за договор, сега во интервју за ТВ 24 екс претседателот Плевнелиев уверува дека Бугарија нема да биде пречка за Македонија на патот кон ЕУ.

Јас сум роден во градот Гоце Делчев, но сметам дека оваа историска личност нас ќе не спои, а нема да не раздвоии. Гоце е и на Бугарија и на Северна Македонија. – вели Плевнелиев, 

– Република Северна Македонија и нејзините граѓани имаат целосно право на самоопределување, за тоа каков јазик зборуваат и во која насока сакаат да тргнат. Но, истовремено не е во ред да се манипулира историјата, на пример историјата за Гоце Делчев. Гоце Делчев секогаш се определувал како Бугарин. Тој се борел за ослободувањето на Македонија, но Гоце Делчев не е на Бугарија, тој е и на Бугарија и на Северна Македонија. Тој е заеднички херој за Бугарија и за Северна Македонија и ние спокојно можеме да го чествуваме заедно, така како што почнавме да го чествуваме и Цар Самуил. Сепак, нека нашите пријатели на С.Македонија знаат дека, на пример, јас сум роден во градот кој се вика Гоце Делчев во Бугарија. Г-динот Каракачанов освен што е вицепремиер е и лидер на политичка партија која се вика ВМРО и постои повеќе од 100 години. Ваше е правото на самоопределување, но не е во ред да се фалсификува историската вистина. Пропагандната машинерија на гдинот Груевски беше смешна, вклучувајки ме и мене, бугарскиот претседател, ме нарече Македонец. Не сум. Мојот род е бугарски род, но јас сум голем пријател на Македонија. – вели Плевнелиев за T24.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести