Координативното тело на македонската дијаспора-Европа, Канада и Австралија повикуваат на масовен сенароден протест за опстанок на правниот поредок во Република Македонија.

Објавил: admin@magazin | 6 јануари, 2019 14:00

Повик за голем народен протест на 9-ти Јануари, пред собранието на Р. Македонија

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Координативното тело на македонската дијаспора-Европа, Канада и Австралија со кое повикуваат на масовен сенароден протест за опстанок и заштита на правниот поредок во Република Македонија.

Водени од европските принципи на почитување на уставот и правната држава, понесени од основните принципи за самоопределување и идентификација на секој народ од поделбата за човекови права при ООН, македонската дијаспора ширум светот , повикува на голем масовен протест пред собранието на Република Македонија, во среда на 9 јануари 2019 година.

Тој ден ќе биде судбоносен за разбирање на минатото и иднината на македонскиот народ и држава. Ден кога нелегитимното собрание и влада ќе ги гласат уставните промени со цел бришење на државата Република Македонија и на македонскиот народ и нација.
Дали мирно ќе ги набљудуваме часовите на политичко самоуништување или националната свест ќе ги надмине анемничните духови? Должност и чест е на секој Македонец, да го даде својот допринос во опстојувањето и заштитата на правниот поредок и држава.
Сите кои се чувствуват како достојни Македонци , време е да го обележиме историскиот ден на револт и промена.

Барања:
1. Распуштање на нелегитимното собрание и влада.
2. Повик до Претседателот Ѓорги Иванов да ја повлече гаранцијата дадена на Заев за формирање влада.
3. Отпочнување преговори во ООН под уставното име Република Македонија.
4. Предвремени парламентарни избори .
Македонија вечна!
Женева, Мелбурн , Торонто,
3 јануари 2019 година.

Координативно тело на македонската дијаспора-Европа, Канада и Австралија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Подвиг

Сашо Мијалков ќе ја промовира својата нова партија во која влегуваат Мите Лимунада Јанчев, Ивца Коневски, Нино Смрт Тодоров, Билјана Бришковска, Никола Поповски, Иво Котевски, 8-те мината предавници.

САШО МИЈАЛКОВ ЌЕ ПРОМОВИРА СВОЈА НОВА ПАРТИЈА: Влегуваат Јанчев, Иво Котевски, Поповски и многу други!

Како што пишува порталот дудинка.орг на Миленко Неделковски на повидок е нова партија...

Град Скопје и во претстојниот период ќе продолжи со зголемување на опремата и механизацијата за почист град. Сите носиме одговорност за чиста животна средина!

ШИЛЕГОВ: „Набавени 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри и 950 корпи за џебен отпад„

Нови контејнери добива и Карпош. Како локална самоуправа одвоивме 2 милиони денари,...

Во моментов е меѓу петте студенти од Македонија кои ја имаат привилегијата да студираат на еден од најдобрите светски универзитети, Оксфорд!

Македонецот Стефан Петревски, најдобар студент на Универзитетот во Оксфорд

Стефан Петревски е дваесетгодишно момче со позитивен дух и насмевка и соништа кои...