Двете џамии по нивното обновување денеска беа отворени за верниците, а први влегоа преживеаните од терористичкиот нападза да се молат за загинатите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 март, 2019 13:45

Повторно отворени вратите на џамиите во Нов Зеланд каде се случи крвавиот масакр

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Денеска повторно се отворени двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, каде пред една недела се случи крвавиот масакр во кој загинаа повеќе од 50 лица.

Двете џамии по нивното обновување денеска беа отворени за верниците, а први влегоа преживеаните од терористичкиот нападза да се молат за загинатите.

Молитвите во џамијата Ал Нор молитвите започнаа со силно полициско обезбедување. Во оваа џамија терористот Брентот уби околу 40 лица.

Инаку еден од верниците кој го загуби својот три годишен син во овој крвав чин, се врати во џамијата со пријателите. Аден Дирје, се помоли за својот син но и за останатите загинати.

„Многу сум среќен. Алах е голем за нас. Штом ја обновивме џамијата, се вратив на молитва“ рекол Аден по молитвата.

Австралиецот Тарант (28) е терористот кој минатата недела уби 50 луѓе во две џамии во Крајстчерч. Тој во својот манифест навел листа на непријатели од висок ранг, меѓу кои германската канцеларка Ангела Меркел, како и Ердоган и градоначалникот на Лондон, Садик Кан.

Инаку повеќето од жртвите во масакрот биле мигранти или бегалци од земји како Пакистан, Индија, Малезија, Турција, Сомалија, Авганистан и Бангладеш.

На денешното отворање на вратите на џамијата Ал Нор, присуствуваше и јорданскиот принц Ел Хасан бин Талал, кој изјавил дека терористичкиот чин бил напад на човечкото достоинство.

„Ова е момент на длабоко патење за сите нас, за човештвото“ рекол бин Талал.

Полицијата објави дека се отвора и џамијата во Линвуд, која исто така беше нападната минатиот петок за време на молитвата. Инаку вчера на 7 дневниот помен на жртвите почит им оддадоа илјадници граѓани меѓу кои и премиерката Џасинда Ардерн.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести