Камерите на Телма ги снимија граѓаните кои дојдоа по документи и кои збунето чекаа пред зградата. На вратата ги пречека лист хартија на кој е рачно напишано дека, поради пожарот шалтерите нема да работат. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 септември, 2020 19:28

Пожарот кој вчера избувна во Министерството за животна средина ги остави скопјани без изводи

Фото/Текст извор: ©телма.мк

Како последица од пожарот кој вчера избувна во просториите на Министерството за животна средина, денеска скопјани останаа без документи. Имено поради прекин на електрична енергија денеска не можеше да се извади ниту еден документ од матичните книги на родени, венчани и умрени, објави Телма.

Камерите на Телма ги снимија граѓаните кои дојдоа по документи и кои збунето чекаа пред зградата. На вратата ги пречека лист хартија на кој е рачно напишано дека, поради пожарот шалтерите нема да работат. 

Директорката на Управата во кратка објава посочила дека, поради прекинот на електричната енергија не им работи електронскиот систем за издавање на документи. За одговор кога ќе проработат, не` препрати во владината служба за општи и заеднички работи, но, директорот на службата не е достапен за информации.

Во пожарот се оштетени шест канцеларии на Инспекторатот за животна средина и просторно планирање. Уништена е и архивата на Инспекторатот, но како што информираа оттаму, имаат електронска евиденција за документитe. Во пожарот се уништени и дел од канцелариите на вториот кат каде се наоѓа Медиумската информативна агенција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести