сабота, 27 април 2024

MK/ EN/ DE



Според она што беше објавено во тамошните медиуми, инцидентот се случил во еден локал во Нови Сад, каде Васиќ го прославувал 1 ви мај, денот на трудот со девојката и пријателите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 мај, 2019 15:40

Поранешниот пејач на „Ѕвезде Гранда“ направил хаос за 1-ви мај: Ја удрил девојката и сам се пријавил во полиција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што објавија српските медиуми, наводно познатиот српски пејач, Слоба Васиќ е приведен откако во средата вечерта ја удрил својата девојка .

Според она што беше објавено во тамошните медиуми, инцидентот се случил во еден локал во Нови Сад, каде Васиќ го прославувал 1 ви мај, денот на трудот со девојката и пријателите.

Слоба Васиќ е поранешен пејач на Sвездите на Гранд кој учествуваше во периодот 2008- 2009 година

-Се набрзина се случи, Слоба, неговата девојка и нејзиниот брат дојдоа заедно и беа одлично расположени. Пејачот малку повеќе се напил, се разви некој муабет и одеднаш атмосверата стана напната. Започна жестока расправа помеѓу Слоба и братот на нејзината девојка, наводно дошло и до кошкање, девојката во еден момент вриснала и застанала меѓу нив. Тогаш наводно Слоба ја удрил девојката, кога сватил што направил не сакал да чека и веднаш самиот повикал полиција, открива извор за српските медиуми кој што бил за време на инцидентот.

Девојката на пејачот на полицијата кажала дека тој ја удрил, а полицијата со лисици го спровела во станица. Слоба наводно не се ни противел и признал дека ја удрил. Кариерата на некогашната „Ѕвезда на Гранд“, Слободан Васиќ засега е во добар правец, но изгледа не може да се справи со љубовта. Тој пред сегашната девојка 9 месеци беше во врска со ќерката на познатиот пејач Милан Топаловиќ, Топалко, но се разделиле бидејќи како што вели тој едноставно не им одело. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.