Откако ги уценија и (от)купија пратеничките гласови, СДСМ сега тврди дека ВМРО - ДПМНЕ ги уценува пратениците да не гласаат за уставните измени, поради што доцни седницата

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 21:45

Последни подготовки пред гласањето, пратениците сеуште неодлучни

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

За 21 часот е презакажан почетокот на денешното продолжение на 61 седница за уставните измени, седницата веќе доцни 45 минути.

Висок владејачки функционер тврди дека е обезбедено двотретинско мнозинство, ама дека не може да се пристапи кон гласање поради закани на кои, наводно, се изложени опозициските пратеници од свои сопартијци од ВМРО – ДПМНЕ.

Соговорникот за независен.мк спомнува и имиња на, главно, поискусни пратеници кои, наводно, се заканувале и ги притискале своите колеги да гласаат „против“ пристапување кон уставни измени или да не присуствуваат на гласањето.

Планираме да се гласа вечерва, но не по секоја цена. Многу важно е во какви околности ќе се гласа. Не сакаме пратениците да бидат во непријатна ситуација, велат извори од владејачкиот табор.

Од друга страна, и од опозицискиот табор има обвинувања за влиајнија и притисоци врз нивни пратеници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести