Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, се очекува во секој момент да и се обрати на нацијата.
Веста дека договорот е постигнат ја објави претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Конечно постигнавме договор. Тоа беше долг и кривулест пат, но сега имаме многу да покажеме”.
Британските медиуми ја оценуваат оваа вест како најдобриот Божиќен подарок што Британците можеа да го добијат.
Договорот беше постигнат по девет месеци преговори. Овој документ ќе биде разгледан и усвоен во парламентите на Велика Британија и ЕУ.
Доколку договорот не беше постигнат до 1 јануари, ќе беа воведени царински давачки и други пречки, што би довело до големи нарушувања на трговијата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.