Андревски беше сопственик и на весникот „Вечер“ и основач на Универзитетски центар за стоматологија. Беше лидер на Партијата на правдата.

Комеморација Бојо Андрески ќе се одржи денеска во просториите на Европскиот универзитет.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 ноември, 2020 12:25

Почина Бојо Андрески, основачот на Европскиот универзитет

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По кратко боледување синоќа почина Бојо Андрески, основач на првиот приватен универзитет во Македонија, „Европски универзитет”, печатеното издание на весникот „Вечер Прес“ и основач и сопственик на првиот Универзитетски центар за стоматологија!

Андревски беше сопственик и на весникот „Вечер“ и основач на Универзитетски центар за стоматологија. Беше лидер на Партијата на правдата.

Комеморација Бојо Андрески ќе се одржи денеска во просториите на Европскиот универзитет.

Бојо Андрески беше роден во 1959 година, во село Здуње, а завршил Воена академија во Белград, како и Економски факултет во Нови Сад.

Има два доктората – по правни и политички науки и по економски науки. На Европскиот универзитет предаваше меѓународен маркетинг и меѓународен менаџмент, сопственик беше на весникот „Вечер“ и печатницата „Цетис“!

Тој беше оженет и татко е на две ќерки: м-р Билјана Андреска -Богданоска и Александра Андреска, и двете вклучени во менаџирањето на Универзитетот во Скопје и во одделот во Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam