Малата Ева од Коњско се бореше со редок вид леукемија но за една година не обезбеди доволно средства за операција во Германија

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 август, 2018 11:32

Почина Ева! Се бара оставка од Филипче!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Почина Ева Крстаноска девојчето од Коњско за коe не се собраа пари за лекување. Се бара оставка од министерот Филипче.

Малата Ева веќе една година се бореше со многу редок вид на леукемија. Во еден момент состојбата и беше влошена поради што беше неопходно веднаш да замине на операција во Германија.

Фондот за здравство покрива дел од износот остатокот треба да го обезбеди семејството за што се бараше и собраше помош. Но за жал не се собраа пари.

На социјалните мрежи гневни родители остро ги нападнаа институциите поради негрижата за овие деца. Хумани граѓани – организации – компании и поединци изминатиот период организираа бројни настани и активности за помош на Ева која требаше да замине на операција во Германија.

За жал нејзиното храбро срце не ја издржа битката со болеста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести