Меѓутоа, ваквите промени според доктор Бојан Трајковски имаат директно влијание врз хормонскиот систем, имуниот систем и работата на срцето. Тој појаснува дека промените се бројни.

Објавил: admin@magazin | 27 март, 2022 10:33

Почна летното сметање на времето, не очекуваат подолги денови, но и психофизички последици

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Психофизичките последици се неминовни при секое поместување на стрелките на часовникот, велат стручните лица. Тоа значи дека скоро секој од нас денеска, при започнувањето на денот има почувствувано поспаност, а можеби и главоболкa, и промена во расположението.

Изминатата вечер со поместување на стрелките на часовникот за еден час понапред почна летното сметање на времето. Иако, Европската комисија пред неколку години испрати предлог до Советот на Унијата за да се укине поместувањето на стрелките на часовникот со што ќе остане во сила зимското сметање на времето, земјите-членки на ЕУ не се договорија за предложеното укинување на часовникот, со што овој режим продолжува да се применува.

-Традиционално двапати годишно се случува познатата промена во стрелките на часовникот, но многу ретко се посветува внимание што може да направи и како тоа ќе делува на човечкото здравје. Науката вели дека главните промени кои настануваат се во циклусот на спиење кое пак е директно врзано со хормонскиот систем, имуниот систем и работата на срцето. Согласно тоа последиците т.е. промените се бројни од промена во апетитот, промени во расположението, појава на хипертензија, односно покачен крвен притисок, пропратена со тахикардичен синус ритам забрзан пулс, раздрасливост, несоница, главоболни, мачнини, омалаксаност, промени во концентрацијата и меморијата, вели доктор Трајковски за МИА.

-Најголемите промени ги гледаме кај луѓето кои боледуваат од хипертензија и кај жени со чести мигренозни атаки. Делуваме согласно симтоматологијата и со терапија која би ги олеснила постоечките симптоми и би им помогнала полесно да ја пребродат промената, појаснува Трајковски.

За стресот и заморот како една од последиците од оваа промена, психологот Атанас Иваноски објаснува дека овие појави честопати доведуваат до состојба во која се намалува продуктивноста кај човекот.

Со оглед на тоа што може да предизвика стресот, како и искусувањето на психофизичкиот замор како состојба, тогаш за очекување е истите да влијаат негативно врз продуктивноста кај поединецот и намалување на неговата мотивација за извршување на одредени активности. Многу често, ова е тема на голем број истражувачи кои во своите истражувања ги имаат вклучено стресот и состојбата на психички и физички замор како релевантни независни варијабли со цел да утврдат како истите влијаат врз степенот на продуктивност и во кој степен е изразена нивната поврзаност. Несомнен е фактот дека поголем дел од спроведените истражувања потврдуваат дека стресот и заморот имаат влијание врз продуктивноста и дека постои одредена поврзаност, вели психологот Иваноски.

Доктор Трјковски подвлекува дека онаа група на луѓе која е навикната на фиксно работно време речиси секогаш се соочува со потешкотии при прилагодувањето.

-Кај секој се одразува различно. Одредена група на луѓе лесно ги поднесува ваквите промени особено ако работното место е со сменско работење, па промените во биоритамот не се необични за ваквите луѓе, додека онаа другата група која е научена на фиксно работно време и стабилен биоритам речиси секогаш се соочува со потешкотии во регулирањето на промените кои кај нив ги носи ваквото поместување на часовникот, изјави тој.

Од друга страна пак, од Организацијата на работодавачи за МИА изразија загриженост, велат дека ја поддржуваат идејата да се прекине праксата на промена на сметањето на времето во зима и лето.

-Многу истражувања во ЕУ потврдија дека промената на стрелките на часовникот негативно влијаат на работниците и дека предизвикува стрес кај организмот. Затоа ја подржуваме европската иницијатива да се прекрати со промената на времето во зима и во лето. Се разбира дека почетокот и завршетокот на работното време ќе треба да го утврди секоја компанија поединечно во зависност од дејноста, структурата на работната сила и други фактори, истакнуваат оттаму.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...