Парите ќе им легнат на сметките на тутунарите во текот на денешниот ден, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Објавил: Владо Марин | 18 април, 2020 14:56

Почнува исплатата на 30 милиони евра субвенции за над 19 илјади тутунопроизводители!

Фото/Текст извор: ©360

30 милиони евра субвенции се исплатени на 19 илјади тутунопроизводители во Македонија. Субвенциите за прва класа тутун се 80 денари, за втора класа 70 денари, а за трета и дополнителни класи 60 денари за килограм.

„Ова јасно ја покажува определбата да се поддржи реалниот сектор, а со тоа и економската активност. Важно е да се продолжи со работа. До 15 април повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 20 проценти. Ова доволно говори за посветеноста да се зголеми ликвидноста во стопанството, изјави министерката за финансии, Нина Ангеловска на заедничката прес-конференција со министерот за земјоделство.

Парите ќе им легнат на сметките на тутунарите во текот на денешниот ден, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

 

„За да не се создаваат гужви во банките, подигнувањето на субвенции за тие што немаат платежни картички ќе се одвиваат во 4 последователни денови. Направен е распоред на исплатата според азбучен ред. Ги замолувам да имаат разбирање и да се придржуваат кон начинот на исплатата“, изјави Димковски.

Според изработениот план за исплата, лицата чии презимиња почнуваат на А до Д, средствата можат да ги подигнат во вторник, Ѓ до К во среда, Л до Р во четврток, С до Ш во петок.

Тие што имаат платежни картички можат да ги извадат парите и од банкомат во понеделник од 16 до 23 часот, а МВР ќе има списоци за да го дозволи тоа и покрај полицискиот час.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...