Во однос на спорот за името, тој нагласил дека нема да дозволи промена на уставното име на Република Македонија. По инаугурацијата, во својата резиденција Вила Водно, имал средби со обични граѓани.

Објавил: admin@magazin | 12 мај, 2019 18:32

ПО ШТО ЌЕ БИДЕ ЗАПАМЕТЕН ЃОРГЕ ИВАНОВ- човекот кој замина како чесен и достоинствен претседател на Република Македонија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Ѓорге Иванов замина од претседателската функција како чесен, горд и мирољубив човек кој не го погази своето достоинство во 10-те години колку што беше претседател на Република Македонија.

Иванов во текот на својот мандат како претседател остварил рекордна дипломатска агенда со преку 200 билатерални средби со шефови на држави. Преку 150 средби со премиери, претседатели на парламенти и шефови на дипломатија. Преку 100 официјални, работни и неформални посети и учества на меѓународни настани.

За време на својот мандат остварил повеќе од 100 средби со други странски државници, со високи претставници на меѓународни организации и со верски лидери. Бил домаќин на над 40 официјални и работни посети на шефови на држави на Република Македонија.

Претседателот Иванов со сопругата Маја Иванова, во официјална посета во Вашингтон со бившиот американски претседател Барак Обама и сопругата Мишел Обама.

Во текот на неговото владеење како претседател доби безброј признанија за својата работа и Македонија ја претставуваше насекаде низ светот во најдоброто светло. Никогаш не се покори пред непријателите и го сочува своето достоинство се до крајот на неговиот мандат.

Во 2011 година Иванов доби највисок Орден на Малтешкиот ред на „Св. Лазарус“ од Ерусалим, во 2013 година почесен крст од Европското винско витештво од Ајзенштат, 2013 година Орден Свети Ѓорги од Куќата на Хабсбург-Лотринген и многу други.

Во март 2012 година во Салцбург, Иванов бил инаугуриран за протектор на здружението Европска академија на науките и уметностите.

Во декември 2013 година, Иванов станал член на здружението Светска академија на науките и уметностите.

Претседателот Иванов, на средба со Рускиот претседател Владимир Владимировиќ-Путин.

Сите почесни докторати на Иванов се по неговото стапување на функција претседател, што им го намалува нивното научно значење, според поранешниот министер за образование Ненад Новковски. Иванов не поседува ниедно признание од западноевропски универзитет.

На 12 мај 2009 Ѓорге Иванов и официјално ја презел својата нова должност, наследувајќи го Бранко Црвенковски како претседател на Република Македонија. По официјалната заклетва, тој го одржал својот прв говор во македонското Собрание.

На 12 мај 2014 Ѓорге Иванов и официјално го започнал својот втор претседателски мандат. За разлика од првата инаугурација, на оваа седница не присуствувале колегите-лидери од регионот.

Папата Францис кој беше во историска посета на Македонија, оствари средба со претседателот Ѓорге иванов на 7 мај 2019 година.

Инаугурацијата била поздравена од владеачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската ДПА. Инаугуративната седница била бојкотирана од опозицискиот СДСМ кој не ги признавал изборните резултати и одбивал да ги прифати пратеничките мандати, како и од владеачката ДУИ според кои Иванов бил нелегитимен претседател затоа што ја немал поддршката на Албанците кои живеат во Македонија.
Во своето обраќање пред Собранието при потпишувањето на свечената изјава, Иванов нагласил дека останува на патот на европската и евроатлантската интеграција, но воедно истакнал и дека очекува Европската унија и НАТО да останат доследни на своите принципи во проширувањето.

Во однос на спорот за името, тој нагласил дека нема да дозволи промена на уставното име на Република Македонија. По инаугурацијата, во својата резиденција Вила Водно, имал средби со обични граѓани.

Професорот Иванов е меѓу коосновачите на првото македонско списание за политичка наука – Политичка мисла. Тој е основач и на првата политолошка струкова асоцијација во независна Македонија. Иванов е и еден од основачите на Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество, реномиран аналитички центар во Македонија кој помогнал да се обликува македонската политичка сцена.

Ѓорге Иванов и Унгарскиот претседател Виктор Орбан. Врачување на орден во Република Македонија.

Негов специфичен академски интерес е милет системот на Османлиската империја. Иако никогаш не бил партиски член, професорот Ѓорге Иванов бил активен во формулирањето на реформската програма на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, која го номинирала за претседателски кандидат на изборите во 2009 година.

Иванов магистрирал политички науки во 1994 година на темата „Цивилно општество – новите контрадикторности на старата расправа“. Во 1998 година докторирал на Правниот факултет во Скопје со одбрана на дисертацијата – „Демократијата во поделените општества, со посебен осврт на Република Македонија“.

Неговиот докторат е насочен кон градењето демократија во поделени општества, конкретно обработувајќи го примерот на Република Македонија.

Ѓорге Иванов денеска ја заврши претседателската функција после десет годишно владеење како шеф на државата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Воедно, тој посочи дека ги имаа контактирано сите канцеларии на седумте потписници на Охридскиот рамковен договор и дека не успеал да го обезбеди оригиналниот документ.

ТЕТОВЕЦОТ ИЛИР ЛУМА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ 20 ГОДИНИ ЧУВАЛ ПРИМЕРОК ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

Илир Лума од Тетово, поранешен член на ПДП, во последните 20 години во домашни услови...

Во врска со моменталната ситуација со македонско - бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

ЗАЕВ: Нема да преговарам за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера учествуваше на...

Читам дека во денешна Македонија има лекари кои не знаат латински. Мртов јазик, нели? Не знам како е со правниците, но и во правото, не само Римското право, без познавање на латинскиот не се може.

МИЛЧИН: Државата исчезнува од ден на ден- во Собранието се тргува и на ситно и на ангро

И ДЕНЕС ИСТОРИЈАТА Е УЧИТЕЛКА НА ЖИВОТОТ! Повозрасните граѓани веројатно ја паметат...