Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Мицкоски и пратениците, децидни дека она што Мицкоски му го порачал на Вес Мичел, важи и за обидот за уцени од неговиот колега, Метју Палмер

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 11:28

Пратеникот Сашо Василевски се појави во Собранието

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ јасно ставија до знаење дека нема да учествуваат во расправата за предлог уставните измени и побараа Талат Џафери да ги стави на гласање пред законодавниот дом.

Според пратеници од СДСМ, неизвесно е дали Џафери ќе реши денес да се гласа по предлог уставните измени, или ќе го одложи гласањето за среда, по посетата на помошник заменикот државен секретар на САД на Македонија, Метју Палмер, на Скопје.

Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски немаат проблем со администрацијата на САД, откако Мицкоски му појасни на колегата на Палмер, Вес Мичел дека за ВМРО – ДПМНЕ Преспанскиот договор е мртов.

Така денес и пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Сашо Василевски кој во вторникот беше пуштен да се брани од слобода со гаранција од 400 илјади евра, кој е обвинет за настаните од 27 април се појави во собранието.

Очекувањата се дека Василевски ќе присуствува и на собраниската седница на која што неофицијално се очекува гласање за отворање на Уставот.

Василевски и Арнаудов се двајца од тројцата пратеници кои што беа пуштени од куќен притвор по изјавата на премиерот Зоран Заев дека нуди помирување за 27 април во замена пратениците да гласаат за уставните измени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести