Ветуваа живот, 500 евра плата, и навистина, животот навистина дојде но само за власта и нивните најблиски!

Објавил: Македонка Димкин | 6 февруари, 2019 20:47

Пратениците од власта си ги вработија децата на државна плата!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Од сигурен извор, на член на управниот одбор, дознаваме дека денес  среда, Кристијан Мисоски  син на пратеникот Горан Мисоски, почнал на работа во Агенцијата за супервизија на осигурување, а по ургенција на неговиот татко кој е пратеник, и тоа ургентно  пред да се распишат изборите на 8ми февруари.

Да се потсетиме дека токму Мисовски го даде еден од 80-те гласови за Северна и гласаше за промена на името, дали е сега ова награда?

Пратеникот Костадинов, е најгласниот и редовен критичар на опозицијата

Синот на Горан Мисоски, Кристијан Мисоски, од точно 17 кандидати е избран и вработен на конкурсот во Агенција за супервизија на осигурување. Оваа Агенција е една од државните институции каде личните примања се на повисоко ниво.

Така платата новопечениот економист ќе му биде ни по малце ни повеќе туку  33.000 денари, како стручен соработник за супервизија без ни еден ден работно искуство. Синот на пратеникот „имал среќа„ и не морал многу да чека за биде вработен. Дипломирал економски факултет на Американ Колеџ, во ноември 2018та година.., после само неколку години неуспешно студирање на државниот универзитет Кирил и Методиј.

Оттука со право се создава сомнежот, дали овде има судир на интереси, имајќи во предвид дека  Горан Мисоски е пратеник, додека пак  директорот на „Агенција за супервизија„ за својата работа одговара токму пред Собранието на Република Македонија каде и Мисоски е вработен.

И додека власта се занимава со промена на името и зајакнат идентитет во последниве два месеци и пратеникот Кирацовски помогнал да се вработи неговата сестра во централниот регистар во Битола, за скромна плата од  40.000 денари, додека пак пратеникот Талат Џафери и нелегален собраниски спикер, „си ја вработил„ ќерката во Елем, за плата од 36.000 денари

Магазин пишуваше и за скандалот кога имено без никакво образложение пред своите сопартици во ОО СДСМ Битола, Кирацоски од како му се јавил неговиот Фризер и го запрашал-„Како така да си ме сменил, а јас да дознавам од медиуми?“, Кирацоски веднаш ,употребуваќи го институтот ДОПРЕН ГЛАС од страна на неговиот фирзер Диме Иваноски -Кармен од Битола , експресно ја вработил неговата сопруга Ефтимија Иваноска во „МАЈЧИН ДОМ “-Битола за плата од 22.000,оо денари.

Кирацовски е пратеник и висок функционер на партијата на власт СДСМ

Во Струмица пак дежурниот портпарол на власта и  пратеник Костадин Костадинов си ја вработил мајка му во централниот Регистар на Струмица, со само средно образование, за скромна плата од 28.000 денари.

Од тука повеќе од легитимно е прашањето, за што всушност се бори актуелната власт? За чив подобар живот, која кампања беше промовирана на големо со огромни плакати во предизборието? Бидејќи досега освен скандалите на наместените тендери за фирми кои биле основани само неколку дена пред тендерот, и повторно на фирми блиски до власта, се почесто сме неми сведоци на брутален непотизам од нови и невидени размери. 

Животот навистина дојде но само за власта и нивните најблиски?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Непотизам

Град Скопје ги потсетува граѓаните дела е во тек јавниот повик за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје за учебната 2020/2021 година.

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ! Град...

Како што иформираат тамошните медиуми, дваесет и петгодишниот Сејнур Бекири, по потекло од Македонија загина кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се забил во дрво, вчера вечерта во местото Кастиџано, кај Анкона во Италија.

ТРАГЕДИЈА: Момче од Македонија загина во сообраќајка во Италија

Трагедија на патиштата во Италија, загина македонски државјанин на местото Кастиџано. Како...