За само една година, Магазин успеа да се пробие како еден од водечките портали во државата благодарение на верната публика и општественоста одговорност на менаџментот.

Објавил: Узунов Бобан | 6 јуни, 2019 17:37

ПРВ РОДЕНДЕН НА МАГАЗИН: Секогаш во служба на вистината и граѓаните !

Фото/Текст извор: ©магазин

Порталот Магазин денеска прославува една година од своето постоење.

Kритички настроен кон власта, несервилен кон опозицијата, е клучот на успехот на Магазин, а мотото е граѓаните секогаш да ја дознаат вистината.

Магазин во изминатиот период се соочуваше со предизвици од секаков тип, но принципиелноста на менаџментот и посветеноста на новинарите Македонија да ја направат подобро место за живеење преку острилото на новинарското перо вродија со резултат.

Васко Белески креаторот и идеологот на МАГАЗИН.МК. Белески заминал во Швајцарија како студент во 90 тите години. После дипломирањето на Техничкиот Факултет во Битола решил да остане во Швајцарија, Во тоа време беше активен и на македонската музичка сцена, но после една некоректна соработка со македонските менаџери, се повлекува од музиката и од 2000 година престанува да се занимава со музика. Тој се концентрира на кариерата и за брзо време сфаќа дека всушност маркетинг и организација е тоа што најмногу го знае, по што на Швајцарската Маркетинг Академија во Цирих во 2006 година се стекнува со називот Маркетинг Менаџер. Работел за Нивеа Бајерсдорф, Базлер Цајтунг и како висок менаџер во групацијата Медиа Маркт.

За само една година, Магазин успеа да се пробие како еден од водечките портали во државата благодарение на верната публика и општественоста одговорност на менаџментот. Магазин една година го пренесува гласот на граѓаните, алармира на непотизмот и корупцијата на власта, ја подбуцнува опозиицијата, и секогаш заедно со нашите читатели се радува на сите успеси на нашата Македонија на спортски, културен и научен план.

Магазин е порталот преку кој авангардата од македонската дијаспора ги артикулира своите погледи за Македонија и македонскиот народ и ја пренесува македонската вистина низ целиот свет. 

Магазин прв објави за еден од најголемите скандали и посериозни скандали на власта -доделувањето на стипендија на ќерката на министерот за надворешни работи Никола Димитров во висина од 40.000 долари и отвори за оваа власт никогаш претходно општествена дебата за судирот на интереси, моралот и етиката и пропаднатите надежи на Шарената Револуција. 

Магазин беше и на браникот на уставното име Македонија, и прв известуваше за страшните притисоци, уцени, непринципелни пазарења и заплашувања со кои се соочуваа пратеници, граѓани, компании, судии и обвинители. Магазин сега и во иднина ќе работи во интересот и по желбата на македонскиот народ “Никогаш Северна, секогаш Македонија”. 

На сите овие активност на Магазин беа проследени со атак врз слободната мисла и пишаниот збор. Кога Магазин ја откриваше вистината, се соочуваше со преку 3000 хакерски напади кои имаа за цел вистината да не допре до граѓанинот. Ние сме горди што успеавме да им го соопштиме на граѓаните тоа што одредени центри на моќ сакале да го прикријат ! 

Магазин заедно со своите верни читатели останува на врвот преку професионализмот, посветеноста, транспаретноста и релеватноста. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести