Екипата на Канал 5 го посети затворот Идризово, каде што право на глас имаат 750 затвореници, од 36 различни општини. Претседателката на општинската изборна комисија Гази Баба Христина Чулева вели дека гласањето во затворот се одвива непречено и без потешкотии.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 октомври, 2021 15:31

Предизборен молк- Правото на глас денеска го остваруваат вкупно 7 645 гласачи

Фото/Текст извор: ©магазин

Во пресрет на вториот круг од локалните избори, денеска гласаат болните и немоќни лица, притворениците, затворениците, луѓето кои се во самоизолација и внатрешно расселените лица. 

Станува збор за вкупно 7645 луѓе, од кои 5588 граѓани се болни, немоќни или во куќен притвор, 1409 се затвореници од 14 казнено поправни установи низ државата и 376 луѓе кои се во домашна изолација поради коронавирусот, за кои процесот на гласање го спроведуваат посебни медицински тимови и лица номинирани од политичките партии.

„Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7 часот и таму гласањето ќе трае до 19 часот. До овој момент гласањето во казнено поправните установи тече без проблем. Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно расселени лица можат да го остварат шест лица кои се водат како внатрешно р расселени. “

Екипата на Канал 5 го посети затворот Идризово, каде што право на глас имаат 750 затвореници, од 36 различни општини. Претседателката на општинската изборна комисија Гази Баба Христина Чулева вели дека гласањето во затворот се одвива непречено и без потешкотии.

Овде согласно местото на живеење во избирачкиот список се евидентирани лица од 59 различни општини, во вториот изборен круг своето право на глас ќе го остварат лица од 36 различни општини. Како што може да видите во тек е вториот изборен круг, гласањето се одвива непречен, не се соочуваме со потешкотии и проблеми.“

Како во првиот изборен круг, така и во вториот за оваа група на луѓе гласањето се спроведува со УВ ламба и спреј, а утре ќе се применуваат уредите за биометриска идентификација на гласачите со отпечатоци од прсти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести