Честитајќи му ја функцијата, членовите од Македонскиот полициски синдикат, изразуваат убедување дека со превеземањето на функцијата од негова страна, настапот на ССМ во делот јавен сектор, се подвлекува, ќе биде унапреден со цел подобрување на економско социјалниот статус на членовите на ССМ кои работат во јавниот сектор во Република Македонија.

Објавил: Владо Марин | 5 септември, 2020 20:06

Претседателот на МПС избран за потпретседател на Советот на ССМ за јавен сектор

Фото/Текст извор: ©s. pecat

Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија на својата прва седница, за потпретседател на Советот на ССМ за јавен сектор го избра претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев.

– Како Македонски полициски синдикат кој со своите 8000 членови е еден од најбројните синидикати во Сојузот на синдикатите на Македонија сме задоволни што конечно оваа важна позиција е доделена на Македонскиот полициски синдикат, Синдикат кој е еден од носителите на синдикалното движење за Јавниот сектор во државата, стои во денешното соопштение од Македонски полициски синдикат.

Честитајќи му ја функцијата, членовите од Македонскиот полициски синдикат, изразуваат убедување дека со превеземањето на функцијата од негова страна, настапот на ССМ во делот јавен сектор, се подвлекува, ќе биде унапреден со цел подобрување на економско социјалниот статус на членовите на ССМ кои работат во јавниот сектор во Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести