Според разултатите од гласењето во законодавниот дом на САД постои ненадминлив раскол по партиска линија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 декември, 2019 8:38

Претставничкиот дом изгласа импичмент за Трамп

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Доцна синоќа претставничкиот дом изгласа отповикување на претседателот Доналд Трамп од власт откако вчера спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, објави дека домот ќе гласа за импичмент.

Според разултатите од гласењето во законодавниот дом на САД постои ненадминлив раскол по партиска линија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Претставничкиот дом гласаше за двете обвинувања против Трамп кој го следи скандал дека ја злоупотребил функцијата и дека ја попречувал истрагата во врска со тоа дали побарал од Украина да покрене постапка против него.

Претставничкиот дом гласаше за отповикување на Трамп од должноста претседател на САД

По првиот предмет на обвинувањето, злоупотреба на власта, „за“ гласаа 230 законодавачи, а „против“ 197.

По вториот предмет, попречување на законот, „за“ гласаа 229 членови, „против“ беа 198.
За утврдување на импичмент беа потребни гласови од најмалку 216 законодавачи.

Двајца демократи, Колин Петерсон и Џеф Ван Дру, гласаа против. Џаред Голден гласаше „за“ по првото обвинение а против по второто, додека демократката Тулси Габард беше воздржана.

Во објаснување на својот став Габард порача дека таа се позиционирала во центарот.

– Кога пред три месеци гласав за спроведување на истрагата за импичмент, кажав дека тоа не треба да стане еднопартиски проект… За жал, имено тоа и се случи, изјави таа.

Општо земено, и такви беа очекувањата, синоќешното гласање е уште една потврда за длабоката меѓупартиска поделеност во законодавниот дом на САД, јавува дописнисничката на МИА од Вашингтон.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.