Временска прогноза за денес и остатокот од деновите од работната недела

Објавил: Мартин Попоски | 3 октомври, 2018 8:43

Променливо облачно, слаби врнежи од дожд на југот од земјата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во текот на денот од југ ќе се прошират слаби врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 19 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Пооблачно ќе биде во втората половина од денот.

Утринската темптература ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Во ноќните часови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Наредните денови ќе преовладува променливо облачно и суво време со температури околу просекот за овој период од годината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...