Имаме 40 мандати со коалициските партнери, а борбата за мнозинството места продолжува. Ова е можност да им дадете поддршка на сите, јас им се заблагодарувам на граѓаните кои и дадоа доверба на нашата партија.

Објавил: Владо Марин | 31 август, 2020 6:42

ПРОСЛАВА НА ОПОЗИЦИЈАТА ВО ЦРНА ГОРА: Колона на автомобили, споени знамињата на Србија и Црна Гора

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Членовите на опозицијата бурно ја прославија историската победа на парламентарните избори во Црна Гора!

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ се појави видливо незадоволен на прес-конференцијата во изборниот штаб на ДПС и рече дека партијата освои 30 места и 40 со традиционалните партнери, но дека борбата за мнозинство во парламентот се уште трае.

– Ќе почекаме за пребројување на гласовите и официјалните резултати. Преброени се над 90 проценти од резултатите и ДПС на изборите освои околу 145.000 гласови и 30 места.

Таквиот резултат значи дека ДПС е најсилната партија во Црна Гора. Резултатите сè уште пристигнуваат и тешко е да се каже кои се веродостојни информации.

Имаме 40 мандати со коалициските партнери, а борбата за мнозинството места продолжува. Ова е можност да им дадете поддршка на сите, јас им се заблагодарувам на граѓаните кои и дадоа доверба на нашата партија.

Кампањата зборува за квалитетот на политиката што ја спроведува ДПС во Црна Гора, рече Ѓукановиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.