Џонсон и Вилер, кој е адвокат, се венчаа во 1993 година и имаат четири деца.

Објавил: admin@magazin | 18 февруари, 2020 16:55

ПУКНА ТИКВАТА: Се разведе Борис Џонсон- судијата им забрани на медиумите да известуваат

Фото/Текст извор: ©Foto: EPA/STR UK AND IRELAND OUTмагазин.мк

Британскиот премиер Борис Џоонсон и неговата сопруга Марина Вилер денес постигнаа договор за развод.

Адвокатите на Џоонсон и Вилер присуствуваа на краткото приватно сослушување пред Централниот семеен суд во Лондон, пренесе АП.

Судијката Сара Гибонс им забрани на медиумите да известуваат финансиски детали за спогодбата. Судијата и даде на Вилер дозвола да поднесе барање за развод, што формално ќе го раскине.

Новиот премиер на Броис Џонсон е познато лице во Велика Британија, но и ширум светот. Џонсон е поранешен шеф на дипломатијата на оваа земја, а своевремено беше и градоначалник на Лондон.

Џонсон и Вилер, кој е адвокат, се венчаа во 1993 година и имаат четири деца.

Тие во септември 2018 година објавија дека планираат да се разведат. Цонсон (55) сега живее со 31-годишната партнерка Кери Симондс во официјалната резиденција на премиерот во Даунинг Стирт бр. 10.

Борис Џонсон е контроверзна фигура во британската политика и новинарство. За приврзаниците тој е духовит, популарен и привлечен, додека за оние кои го критикуваат велат дека е елитист, неискрен, мрзлив и употребува расистички и хомофобичен јазик.
Дипломирал класични науки на Универзитетот во Оксфорд, во Лондон се вработил како советник за менаџмент, но дал отказ по само една недела.
Ја почнал кариерата како новинар, а не како политичар, но набрзо западнал во неволја.

Почнал во лондонски Тајмс каде предизвикал скандал кога напишал статија за археолошко откритие – измислил изјава за која лажно тврдел дека ја добил од историчарот Колин Лукас, негов кум. Поради тој скандал е отпуштен од Тајмс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.