Актуелниот претседател на Кошаркарската федерација на земјава, Перо Антиќ, и неговата сопруга Ружица, не се повеќе во бpaк.

Објавил: admin@magazin | 25 јуни, 2019 16:56

ПУКНА ТИКВАТА: Се разведе македонскиот кошаркар Перо Антиќ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Македонскиот актуелен претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија и поранешен кошаркар и член на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ, се разведе после 13 години брак.

Актуелниот претседател на Кошаркарската федерација на земјава, Перо Антиќ, и неговата сопруга Ружица, не се повеќе во бpaк, дознава „Женски Магазин„

Неговата бивша сопруга Ружица, е основач и главен и одговорен уредник на магазинот „Портрет“.

– Paзводот е веќе официјаизpaн, а по 13 години заедница, ocтануваат во кopeктни односи поради трите сина – открија блиски пријатели на познатата двојка.

Од 2001 до 2005 година, Антиќ настапувал за „АЕК“ од Атина. Со овој тим во 2001 го освоил Купот на Грција, а во 2002 година, по цели 15 години, клубот постанал шампион на Грција). Од 2005 до 2007 година, тој настапувал за „КК Црвена Ѕвезда“ и во 2006 година го освоил Купот на СЦГ. Потоа, кариерата ја продолжил во „КК Лукоил Академик“ од Софија, каде играл од 2007 до 2008 година. Со овој клуб, Антиќ ги освоил купот и шампионатот на Бугарија, а тој и во двете натпреварувања ги освоил сите награди (МВП, најдобар стрелец и најдобар скокач).

Антиќ почнал да игра кошарка на 11-годишна возраст, заедно со неговиот брат Александар во младинските школи на “КК Работнички”, како и во кадетската и јуниорската репрезентација на Македонија. На возраст од 16 години го направил своето деби во првиот тим на клубот. На 17 години, отишол на колеџ во САД.

Во април 2015 година, Антиќ бил уапсен рано наутро во њујоршкиот клуб „1 ОАК“, бидејќи ја попречувал полицијата да изврши увид во инцидентот во кој кошаркарот Крис Коупленд и неговата сопруга биле нападнати и расечени со нож.

Својата професионална кариера, Антиќ ја започнал во “КК Работнички” од Скопје во 1999 година. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.