Раде Шербеџија проговори и за својот татко и за неговата болка што татко му никогаш не сакал тој да биде актер и не се согласувал со изборот на неговата професија:

Објавил: admin@magazin | 4 март, 2020 21:40

Раде Шербеџија откри која Македонска песна и ја пее на ,,увце” на Анџелина Џоли (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©галама

Раде Шербеџија деновиве беше гостин во Македонија, па неговото присуство во македонската престолнина го искористи естрадниот магазин „Бекстејџ“ за интервју со големиот актер.

Во рамки на интервјуто, холивудската екс-ЈУ ѕвезда зборуваше за својата кариера, семејството, новиот албум кој го снимаше во студиото на браќата Тавитјан, но и за носталгијата за Југославија.

На прашањето на новинарката околу неговите деца, Шербеџија ги наведе нивните професии, ја спомена ќерката Луција која денес е талентирана позната и призната актерка во Хрватска, а малку тажно проговори и за ќерката која е сега во Белград и е вљубена.

Шербеџија на прашањето до водителката каков бил животот во поранешна Југославија, одговори:

„Ех малечка моја, само кога ти би знаела какви времиња беа тоа… Прекрасни, тоа не се опишува со зборови“… – и се обрати Раде на новинарката на Бекстејџ.

Раде Шербеџија проговори и за својот татко и за неговата болка што татко му никогаш не сакал тој да биде актер и не се согласувал со изборот на неговата професија:

-Целиот живот размислував и се прашував зошто е тоа така. Многу пати го прашав и него, но тој не ми одговараше. Конечно на крајот од неговиот живот ми рече. Синко, мене не ме интересира што си актер. Биди си ти актер таму за твоите обожаватели, за мене си само мое дете!

Познато е дека Раде беше голем пријател со брачниот пар Бред Пит – Анџелина Џоли, а и денес пшо нивната разделба, тој ги одржува контактите со двајцата. Но познато е дека со Анџелина, знаеле и заеднички да си потпевнуваат.

,,Со Анџелина најчесто си потпевнуваме хрватски шансони, кои попатно јас и онака и ги преведува. Но на Анџелина многу и се допаѓа и Македонската музика, а особено сум и ја пеел песната ,,Елено ќерко, Елено”, која навистина е прекрасна и еве сега со Влатко ја пееме, заврши големиот Раде Шербеџија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.