По ова информација од собраниските стенограми сосема е јасно дека гласањето уставни измени не е резултат на лично убедување, туку на "мотивација" од Заев и Мијалков

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 октомври, 2018 14:02

Рамчиловиќ, Александрова, Канческа и Исмајлоска на 15 октомври гласале „Против“ промена на Уставот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пет дена пред да гласаат “За” точката за промена на Уставот пратениците Емилија Александрова, Зекир Рамчиловиќ, Нола Исмајлоска и Елизабета Канческа Милевска претходно гласале „Против“ ставање на оваа точка за промена на Уставот на дневен ред.

Јавноста се прашува што ли се сменило во тие неколку денови?

Канческа Милевска и Рамчиловиќ менуваат сопствено убедување со брзина на светлината?

Инаку чудно е како претходно пратениците Нола Исмајлоска Старова и Зеќир Рамчиловиќ беа првите двајца пратеници кои на социјалните мрежи го искажаа својот став дека немаат намера да гласаат за уставните измени и да одат против волјата на граѓаните.

Набрзо со статус на Фејсбук истиот став го искажа и пратеничката Емилија Александрова.

Сите тројца во петокот вечерта го погазија својот збор а претходно ги избришаа сите профили на социјалните мрежи?

Како што се приближува 30 септември се почесто Референдумот е тема на разговор. Во кампањата ја побарав вашата поддршка и чувствувам одговорност да го споделам својот став. Како пратеник, моја должност е да го почитувам Уставот и да бидат гласот на оние кои ме избрале. Никој не е над волјата на народот, затоа што функцијата треба и мора да биде гласот на луѓето кои живеат во Република Македонија. Верувам во вашата мудрост и немам намера да бидам против вашата одлука на 30 септември. – објави Исмајлоска – Старова на Фесјбук додавајќи дека нема да гласа за уставните измени.

Втор кој се огласи на социјалните мрежи беше пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.

Како припадници на бошњачкиот народ за нас е прифатливо решение само доколку истото е прифатено до мнозинството на македонскиот народ и од мнозинството на сите македонски граѓани. Приоритетот го даваме на македонскиот народ, а потоа на сите македонски граѓани затоа што како Бошњаци сме дел и од нација на друга држава. А, особено што ние Бошњаците сме доживеале и промена на име од Босна во Босна и Херцеговина, промена на име на јазик од босански во земаљски, потоа во српско-хрватски, па и забрана за изјаснување како Бошњаци се до 28 септември 1993 кога ги вративме сите елементи на нашиот идентитет. – напиша Рамчиловиќ.

Последна се огласи Александрова.

Како народен претставник непосредно избран да ги застапува граѓаните во Собранието, имам дадено свечена изјава дека ќе го почитувам Уставот и ќе ги бранам интересите на Република Македонија. Како пратеник, немам ниту мандат, ниту овластување, а ни лична намера, да гласам за било какви измени во Уставот со кои би се променило уставното име на мојата татковина – Република Македонија. – пишуваше пратеничката Емилија Александрова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести