Имено според членот 11 став 2 од Законот за Влада претседателот на Владата, односно Зоран Заев го насочува дејствувањето на Владата во целина или на нејзините членови во согласност со програмските одредби и насоки што таа ги утврдува.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јули, 2019 13:04

Рашковски: Заев ме задолжи да преговарам за спорниот тендер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната прес-конференција, по скандалот кој ја тресе јавноста веќе неколку дена генералниот секретар, Драги Рашковски изјави дека всушност премиерот Заев го задолжил да преговара за спорниот тендер.

Беше спорено зошто е моето присуство на ваков состанок,а тоа е така затоа што тоа се ингеренциите на генералниот секретар, ова денеска го изјави Драги Рашковски на прес-конференција по скандалот кој ја тресе јавноста веќе неколку дена.

Имено според членот 11 став 2 од Законот за Влада претседателот на Владата, односно Зоран Заев го насочува дејствувањето на Владата во целина или на нејзините членови во согласност со програмските одредби и насоки што таа ги утврдува.

Инаку Драги Рашковски, веднаш по објавувањето на аудио снимките во медиумите реагираше на социјалните мрежи.

Рашковски ја предводи и меѓуресорната група за спроведување на Законот за јазици.

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски напиша Фејсбук статус, веднаш по објавувањето на аудио снимките, во кој вели дека не се договара никаков тендер, туку се збори за динамиката на испорака на веќе завршена постапка од 2016 година, затоа што по вина на Климент Чепуњовски, не се потпишува договорот за испорака.

Тој пишува дека обвинувањата за некакво местење на тендер, Климент, порталот Лидер и останатите ќе треба да ги докажат на суд.

„Разговорот е снимен од Климент Чепуњовски, разрешен директор на техника во МНАВ баш поради предизвикување на сериозен инцидент, за кој има извештај подготвен од Комитетот за воздухопловни несреќи.
Неколку појаснувања.

Тендерoт и изборот на најповолен понудувач се направени во 2016 година. Од тогаш поради за нас познати причини, никој не го потпишува договорот за набавка на нов радарски систем.
Новиот директор на техника Климент Чепуњовски свесен за состојбата со техниката, намерно не го потпишува договорот и праќа навредливи писма кон ЕБРД (за тоа докази во текот на утрешниот ден) и прави други незаконски дејствија за кои има докази до обвинителство.

Со оглед на тоа дека опремата е неопходна за нормално функционирање на авионскиот соообраќај, ПО ЗАДОЛЖЕНИЕ НА ВЛАДА, а не самоволно се организира состанок во мојата канцеларија (кој Климент го снима но намерно го сече делот каде што тој збори) и на состанокот НЕ СЕ ДОГОВАРА НИКАКОВ ТЕНДЕР туку се збори за ДИНАМИКАТА НА ИСПОРАКА НА ВЕЌЕ ЗАВРШЕНА ПОСТАПКА ОД 2016 година, затоа што по вина на Климент Чепуњовски, не се потпишува договорот за испорака.

Обвинувањата за некакво местење на тендер, Климент, порталот Лидер и останатите ќе треба да ги докажат на суд.
Против Климент Чепуњовски веќе има постапка затоа што со своите постапки ги доведе во животно загрозувачка состојба животите на стотици лица. Во интерес на истрагата деталите може да ги соопшти само обвинителство.

Во понеделник, целокупниот материјал со детали за набавката на АТМ системот и вмешаноста на Климент Чепуњовски и активностите на Владата за заштите на животите на патниците ќе бидат доставени до новинарите.
Снимката Климент Чепуњовски ја има предадено на висок функционер на опозициона партија пред неколку дена, откако дозна за извештајот во кој тој е посочен за виновен за случениот инцидент”, напиша Рашковски на фејсбук

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести