Утре ќе се знае. СДСМ и ДУИ сами на Референдум или има договор со ВМРО - ДПМНЕ.

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 јули, 2018 11:58

Референдумот и да пропадне за Заев Северна ќе è!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Многумина ја нарекуваат недела на неизвесностите. Иако се е извесно. Парламентарното мнозинство на Заев кое брои 72 пратеници со можност за уште 2 пратенички гласа во поддршка има доволно капацитет утре да го распише Референдумот.

Што е спорно?

Прво Државната изборна комисија. Иако на голема врата се пренесуваат изјави на нејзини членови сепак правно тие ќе може да делуваат од избраната функција по давањето свечена заклетва што се очекува на дневен ред во законодавниот дом утре.

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев со став ако не помине на Референдум Договорот за промена на името ќе помине во парламентот.

Нема информации што точно преговараат тимовите на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и дали ќе постигнат некаква согласност за Референдумот но нема ни официјална Седница за утре на Собранието на Република Македонија.

Заев беше јасен. Нема да го чека Мицкоски иако сака да знае кој ќе е ставот на партијата. Од ВМРО – ДПМНЕ засега само со поддршка за одржување на Референдум но не со прашањата кои ги лиферува Заев и кои се двосмислени.

Неофицијално разговорите кои ги водат сепак давале позитивни сигнали.

Собранието на Република Македонија со просто мнозинство може да го распише Референдумот но мора при таа одлука да го посочи точниот датум за одржување на истиот – неговата форма и секако содржината на референдумското прашање.

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николоски со изјава дека ако пропадне Договорот тие ќе постигнат поквалитетен.

Од ВМРО – ДПМНЕ наговестуваат дека ако пропадне Договорот со Грција познат и како Договор за промена на името тие ќе постигнат подобар. СДСМ јасни во своите ставови. Ако ВМРО – ДПМНЕ бојкотира извесно е дека Референдумот ќе пропадне но тоа нема да е крај за Договорот за промена на името затоа што Заев е убеден во обезбедување 2/3 мнозинство во парламентот за негово имплементирање и промени во Уставот.

Воедно утре треба да започне и продолжението на Комисијата за надворешна политика чиј претседател –  пратеникот Антонијо Милошоски веќе неколку пати побара на пратениците – членови на ова собраниско тело да им се достават материјалите од преговорите за промена на името водени со Грција а пренесени на средбите кај претседателот Иванов во јануари и мај 2018 година со што на сите би им било јасно како се стигна до фамозниот Договор за промена на името.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на парламентот Антонијо Милошоски бара да се разгледа по која “цена” е преговарано за промена на името.

Македонскиот народ сепак нема да има јасно прашање на кое ако сака ќе може да го искористи своето демократско право да одговори со “за” или “против” на Референдумот за кој е извесно дека ќе се одржи на 30-ти септември 2018 година.

Самиот формат на Договорот со Грција не го поставува прашањето “Дали сте за промена на уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија” туку правно влечи конфузни решенија како “Дали сте за ЕУ и НАТО членство со имплементирање на Договорот со Грција” што е правна недореченост.

Иако клучна улога за тоа дали Референдумот ќе има легитимитет и можност да успее е конечната одлука на ВМРО – ДПМНЕ. Дали Мицкоски ќе постигне договор со Заев за формулацијата на референдумското прашање и дали ќе ги повика членовите да излезат и гласаат или ќе повика на бојкот ако не се постигне договор со што логично е дека нема да може да се постигне бараниот цензус на излезеност на електоратот.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски сеуште се надева на можен договор со СДСМ и ДУИ.

Притоа кај дел од функционерите на ВМРО – ДПМНЕ и членството дилема веќе нема. Договорот за промена на името во формата Референдум ќе се соочи со бојкот.

Но што е политичкиот договор?

Дали истиот ќе биде постигнат или законодавниот дом по секоја цена ќе го распише Референдумот – последен ќе одлучи Талат Џафери кој иако нелегитимен во изборот раководи со Собранието на Република Македонија кршејќи го Деловникот за работа кога и како сака.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика