СДСМ потврди дека во 21 часот Собранието ќе премине кон гласање на уставните измени а за теророт врз пратениците ги обвини Христијан Мицкоски и Антонијо Милошоски

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 20:12

СДСМ ги обвини Милошоски и Мицкоски дека си ги тероризираат пратениците

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Власта во паника заборави дека веќе не е опозиција, па за денешниот терор во законодавниот дом го обвини ВМРО – ДПМНЕ?

Дали ќе има двотретинско мнозинство за пристапување кон уставните измени ќе се знае на чинот на гласањето, вечерва во 21 часот. – изјави висок функционер од власта.

Заканите што им ги упатуваа на пратениците, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски и пратеникот Антонијо Милошоски се причината за цел ден да се одложува  гласањето.

Сакаме вечерва да ја оддржиме седницата и гласањето. Единствено ако има непријатни околности за пратениците ќе одложиме за друг ден. – вели функционерот.

Седницата за уставните измени е најавена за 21 часот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, остануваат на ставот дека власта нема обезбедено двотретинско мнозинство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести