За субвенции за лозови насади беа исплатени околу 9 милиони евра на над 15.000 лозари

Објавил: admin@magazin | 7 април, 2019 10:29

СДСМ: Исправена е долгогодишната неправда кон лозарите од Тиквешкиот регион

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со вистинска грижа за земјоделците, велат од СДСМ.

Како што истакнуваат од таму, исправена е долгогодишната непревда кон лозарите од Тиквешкиот регион кои не можеле да го исплатат предаденото грозје во приватните винарници „Повардарие” и „Стефани Винарија”.

Од владејачката партија додаваат и дека за само три месеци од годината исплатени се вкупно 40,5 милиони евра субвенции за над 80 илјади земјоделци.

Државата ги исплати долговите. На над 2.000 лозари од Тиквешкиот регион се исплатени им околу 1,2 милиони евра, со што се реши долгогодишен проблем но и се обезбеди приход кај 2.000 земјоделци за вложување во ново производство на квалитетно грозје“, стои во партиското соопштение.

За субвенции за лозови насади беа исплатени околу 9 милиони евра на над 15.000 лозари, на овоштарите за одржување на овошните насади околу 5,5 милиони евра, за одгледувачите на градинарски култури исплатени се 4,4 милиони евра, додека пак за житните култури 5,5 милиони евра“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ истакнуваат дека исплатата на финансиската поддршка кон земјоделците се одвива непречено, неселективно и навремено односно дека земјоделците ги добиваат субвенциите тогаш кога им се најпотребни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...