Во светот на тенисот, од неа повеќе заработија само Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер

Објавил: admin@magazin | 23 август, 2018 11:18

Серена Вилијамс најбогата спортистка за 2018 година

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Американската тенисерка Серена Вилијамс се најде на самиот врв на листата на најплатени спортистки за оваа година, која ја направи магазинот Forbes.

Некогашната прва дама на светскиот тенис, Серена Вилијамс, поголемиот дел од парите ги заработи надвор од тениските терени, додека во текот на оваа година од тениските турнири заработи само 62.000 долари.

Серена има договори со Nike, Intel, Audemars Piquet, JP Morgan Chase, Lincoln, Gatorade и Beats. Само 16 спортисти од целиот свет заработија повеќе од неа во текот на изминатите 12 месеци“, пишува новинарот на Forbes, Курт Баденхаузен.

Вилијамс подолго време е најбогатата спортистка во светот. Само од тениските награди во кариерата таа заработи повеќе од 86 милиони долари, а тука не се сметаат надворешните заработки и спонзорства. Во светот на тенисот, од неа повеќе заработија само играчите од големото трио – Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Топ 10 листа на спортистки со најголема заработка во 2018 година:

Серена Вилијамс (тенис) – 18 милиони долари

Каролин Вознијацки (тенис) – 13 милиони

Слоун Стивенс (тенис) – 11,2 милиони

Гарбин Мугуруза (тенис) – 11 милиони

Марија Шарапова (тенис) – 10,5 милиони

Венус Вилијамс (тенис) – 10,2 милиони

Пусарла В. Синду (бадминтон) – 8,5 милиони

Симона Халеп (тенис) – 7,7 милиони

Даника Патрик (Nascar) – 7,5 милиони

Анжелик Кербер (тенис) – 7 милиони

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис